„Вардар осигурување“ на терен
По вчерашното невреме, вчера раководството на осигурителната куќа „Вардар осигурување“, член на групацијата „Триглав“, ги посети оштетените локации на своите осигуреници во Радовиш.
Стручниот тим предводен од генералниот директор, Стојан Клопчевски, утрото излезе на терен да изврши процена на најпогодените места и на осигурениците од радовишкиот крај им соопшти дека нивните штети ќе бидат исплатени со сигурност и веднаш. Локалните жители искажаа загриженоста за последиците од невремето какво што не се памети во изминатите 20 години. (Ек.Р.) |