Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Рикер: Инвеститорите сакаат предвидлива бизнис-клима

Глобалната економска криза има свое влијание и во Македонија, но таа не е толку погодена од неа како другите земји“, изјави американскиот амбасадор Филип Рикер по вчерашната посета на Македонската берза. „Директните инвестиции се важни, но на бизнис-средината треба да се гледа пошироко, како што е заинтересираноста и на инвестициските фондови за влез во земјата. Македонската берза е вистинското место за тоа, а за да го сторат тоа, треба да се запознаат со Берзата. Македонија сака да биде атрактивна не само за инвеститорите туку и за бизнисмените и затоа таа треба да има предвидлива бизнис-клима, ефикасна регулаторна структура, спроведување на договорите и судски систем во кој сите ќе имаат доверба“, рече Рикер. Тој истакна дека САД во изминатиот период ги поддржуваа економските реформи во државата и најави дека таа поддршка ќе продолжи.

Директорот на Македонската берза, Иван Штериев, истакна дека на средбата го запознал амбасадорот Рикер со историјата на Берзата, функционирањето, како и за влијанието на глобалната криза во земјата, регионот и пошироко, но и за мерките што се преземаат. „Анализиравме што правиме ние и другите берзи во тој поглед. Кои мерки се преземаат - прекин на тргување: да или не, ценовни ограничувања и друго и заедничко е мислењето дека, имајќи ги предвид спецификите на нашиот пазар и развојната фаза во која не затече оваа финансиска криза, преземаме и многу повеќе од некои други берзи и глобално и во регионот“, рече Штериев. (МИА) 


Статијата е прочитана 131 пати.

Испрати коментар

Од: commanddevil
Датум: 06.12.2008 01:06:22
normalno deka sakaat--pa eve moze da zememe primer od kaj vas gospodine riker. poglednete kakva ,,naezda,, od investitori se slucuva..ne znae koj poprvo da kupi od ford,general motors,ne znaat bankite kade da gi dadat kupistata pari sto gi imaat.stvarno ste dobar sovetnik.samo nekogas treba da se pogledne svojot dvor-pred da solite pamet na drugi..

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Бизнисмените бараат кредитирањето да не секне
Кафеанџиите се за лиценци за пушење
„Вардар осигурување“ на терен
Новогодишна наградна игра на „виза“ и Стопанска
ММФ- Светот ја избегна финансиската катастрофа
„Форд“ и „Крајслер“ бараат уште поголем заем за спас
Потврдена рецесија во еврозоната
ИКЕА ќе се откаже од влез во Хрватска?