Број 2856  сабота, 06 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

ММФ: Светот ја избегна финансиската катастрофа

Вашингтон - Благодарение на преземените мерки, светската економија „малку се оддалечи од финансиската катастрофа“, односно од крахот на глобалниот финансиски систем, што може да се смета како „добра вест“ кога станува збор за ситуација во борбата со финансиската криза, оцени главниот економист на Меѓународниот монетарен фонд, Оливие Бланшар.

„Лоша вест е тоа што кризата почна да покажува многу поголемо и подлабоко влијание врз реалната економија“, предупреди Бланшар и додаде дека како резултат на тоа, ММФ сега „не е премногу сигурен“ ниту во своите последни прогнози, според кои подобрувањето на економскиот раст во развиените земји се очекувал до 2010 година.

Според него, од една страна, неопходно е одржување стабилност на банкарско-финансискиот систем, а од друга страна - поттикнување на побарувачката, ограничување на падот на производството и враќање на довербата. „Како што во многу земји, особено во САД и во Јапонија, практично се исцрпени можностите за влијание на ситуацијата со помош на кредитно-монетарната политика, во прв план излегуваат финансиско-буџетските мерки“, рече Бланшар.

Осврнувајќи се на тоа што ќе биде „по кризата“, тој предвидува дека владите на повеќе земји мора да поработат на значително зголемените долгови. Покрај тоа, според него, во „некои земји“ ќе дојде до „значителна консолидација на финансискиот сектор“ во кој ќе се појави „големо присуство на држави“, но не наведе кои се тие земји. Бланшар се заложи за реформирање на меѓународниот систем на финансиското регулирање и надзор во духот на неодамнешните препораки на „големата дваесеторка“ и додаде дека ММФ е подготвен да ги решава задачите што стојат пред него доколку добие „барем малку финансиски средства“. (МИА)


Статијата е прочитана 297 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Бизнисмените бараат кредитирањето да не секне
Кафеанџиите се за лиценци за пушење
Рикер- Инвеститорите сакаат предвидлива бизнис-клима
„Вардар осигурување“ на терен
Новогодишна наградна игра на „виза“ и Стопанска
„Форд“ и „Крајслер“ бараат уште поголем заем за спас
Потврдена рецесија во еврозоната
ИКЕА ќе се откаже од влез во Хрватска?