Либиската опозиција доби над една милијарда долари
Абу Даби - На синоќешната конференција во Абу Даби, арапските и западните земји ветија над 1,3 милијарди долари помош за либискиот Преоден национален совет (ПНС).
Италија и Франција понудија над една милијарда долари, додека Кувајт и Катар ветија 280 милиони долари за новоформираниот фонд за поддршка на либиската опозиција.
Советот, кој се обидува да формира алтернативна влада на режимот на Моамер Гада��и, претходно апелираше до меѓународната заедница да му помогне со „свеж прилив на кеш“.
Поранешниот либиски амбасадор во ОН, Абдурахман Мохамед Шалгам, кој присуствуваше на собирот како функционер на ПНС, рече дека верува оти на власта на Гадафи и' се ближи крајот и го повика НАТО да ги насочи воздушните удари на силите на Гадафи околу Мисрата за да им „помогне на борците за слобода да се пробијат кон Триполи“.
На конференцијата во Абу Даби присуствуваше и државната секретарка на САД, Хилари Клинтон, која рече дека во тек се преговори со луѓето блиски на Гадафи што ја споменале „можноста за транзиција на власта“, но рече дека се' уште не е јасно што ќе се случи.
Клинтон од своја страна не вети никаква директна помош за бунтовниците. Таа додаде дека САД ќе одделат 26,5 милиони долари за сите жртви на конфликтот во Либија. (МИА) |