Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Свет

Гејтс гледа мрачна иднина за НАТО

Според Гејтс, НАТО веќе не вреди колку што се големи трошоците на САД

БРИСЕЛ - Американската воена алијанса со Европа - камен темелник на американската безбедносна политика цели шест децении - се соочува со "бледа, ако не и мрачна" иднина, изјави вчера американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс во искреното проштално обраќање. Во неговиот последен говор ��ако прв човек на Пентагон, Гејтс изрази сомневање во способноста на НАТО, наведувајќи дека нејзините скржави членки и недостигот на политичка волја би можел да го забрза крајот на американската поддршка.

Северноатлантската организација беше формирана во 1949 година како бедем предводен од САД против советската агресија, но во ерата по студената војна таа се обидува да ја пронајде целта на сопственото постоење. "Идните американски политички лидери можеби нема да сметаат дека инвестирањето на Америка во НАТО е вредно за трошоците", изјави тој за Европски истражувачки центар.

Гејтс не ја сокри својата фрустрација од бирократијата на НАТО и огромните рестрикции што многу европски влади ги ставија на нивното воено учество во војната во Авганистан. Тој го налути НАТО на почетокот од неговиот мандат со директниот предизвик да придонесе со повеќе борбени единици отколку што обезбедија неколку сојузници.

Дури и тогаш, проценките на Гејтс дека НАТО не ги исполнува своите обврски и натрупува премногу од тешката работа на грбот на САД беа невообичаено остри и искрени. Тој посочи дека двете големи воени операции на НАТО во моментов - во Авганистан и во Либија - ги посочуваат слабостите и неуспесите внатре во алијансата. "Суровата реалност е дека ќе има спласнување на апетите и трпението во американскиот Конгрес за зголемување на гоемите финасиски средства во име на нацијата која очигледно е неподготвена да одвои неопходни ресурси или да направи неопходни промени за да биде сериозен и способен партнер во сопствена одбрана", рече тој.

Без да посочува имиња, тој жестоко ги нападна сојузниците кои "се подготвени и алчни во тоа американските даночни обврзници да го преземат растечкиот безбедносен товар како резултат на редукциите во европските буџети за одбрана".

САД имаат десетици илјадници војници стационирани во Европа, не за да се спротивстават на иванзија, туку да се поготвуваат со европските сили и да го подржат она што со децении недостасува - способност на Европејците да тргнат во војна без САД на еден кохерентен начин.

Војната во Авганистан, која се води под покровителство на НАТО, е типичен пример за американската фрустрација во неспособноста на Европа да ги обезбеди бараните ресурси. "И покрај повеќето од два милиони војници во униформа, не броејќи ја американската армија, НАТО се обидува, одвреме навреме и очајно, да го одржи распоредувањето на 25 до 45.000 војници, не само во жива сила на теренот, туку и во клучна поддршка во опрема како хеликоптери, транспортни летала, одржување, разузнавање, набљудување и извидување и многу повеќе", изјави Гејтс. (АП)


#
Статијата е прочитана 952 пати.

Испрати коментар

Од: Laska
Датум: 11.06.2011 00:25:25
Epa chitajte i pamtete !!!!!!
Од: jovan
Датум: 11.06.2011 10:53:57
UH, uh, kolku tesko mi padna, NATO ce se raspadnel!Daj Boze uste utre.Na Evropa ne i treba relikvija od Studenata Vojna.Na Evropa i treba mir, razbiranje, doverba i kolektivna bezbednost od Portugalija do Vladivostok.Se drugo e doprinos kon nestabilnost i ludi imperijalni ambicii.

Најди! во Утрински
Свет
Диктаторот си даде втора шанса
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Анкара и' предвиде банкрот на Атина
Либиската опозиција доби над една милијарда долари
Хилари директорка на Светска банка?

"""