Број 3602  сабота, 11 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Стил

Насловна








Site Meter
Свет

Диктаторот си даде втора шанса

Дези Бутерсе повеќе од една деценија беше бегалец од Интерпол

ПАРАМАРИБО - Дези Бутерсе беше војник, конспиратор на државен удар, воен лидер на оваа поранешна холандска колонија, осуден трговец со дрога и повеќе од една деценија бегалец од Интерпол. Нему и понатаму му се суди поради убиство на 15 високи противници на неговата воена власт во 1980-те години.

Сега Б��терсе (65), уште еднаш е лидер на оваа мала јужноамериканска држава, предизвикувајќи стравувања за можно враќање на времето кога Суринам, едно време магнет за западните платеници и колумбиските нарко картели, беше познат по својата отвореност кон криминалните организации.

Наместо да го минимизира свето минато, Бутерсе пркосно го слави, од неговиот избор во јули минатата година од страна на парламентот. Тој го прогласи 25 февруари, денот кога заедно со други војници изведоа државен удар во 1980 година, за државен празник, нарекувајќи го "ден на ослободувањето и обновата".

И додека Бутерсе посочуваше дека нема да се меша во случајот за убиство што се води против него, тој именуваше еден од кообвинети во процесот како амбасадор во Франција, покажувајќи мала почит кон правниот проблем што се надвиснува над него.

Бутерсе, исто така, почна и со пополнување на владините институции на Суринам, понекогаш со сопствената фамилија. Тој ја стави својата сопруга Ингрид Бутерсе Валдринг на владиниот платен список, плаќајќи и околу 13.000 суринамски долари или 4.000 американски долари месечно за нејзините должности како прва дама. Бутерсе, исто така, го именуваше својот син Дино (38), осуден во 2005 година за предводење синџир за продажба на кокаин и нелегално оружје, како дел од командата на новата Единица за борба против тероризмот. Дино Бутерсе, пуштен од затвор во 2008 година, исто така, беше и претходно апсен во врска со кражба во 2002 година на оружје од суринамската разузнавачка агенција.

"Сведоци сме на враќање на неморалноста во нашата мала земја", вели Еди Виџнгарде (67), чијшто брат, истакнат новинар, беше меѓу 15-те дисиденти убиени од владата на Бутерсе на 8 декември 1982 година. Тие убиства претставуваа мрачна епизода во државата со 500.000 жители, која доби независност во 1975 година. Убиствата го отворија патот за создавање на полициска држава поддржана од Куба и Либија која постоеше во текот на 80-тите години од минатиот век.

Холандските власти беа толку загрижени во врска со владата на Бутерсе во тоа време што подготвија план за инвазија за негово соборување, со логистичка поддршка од американските сили, според коментарите дадени минатата година од Руд Луберс, поранешен премиер на Холандија. Официјален претставник на Стејт департментот не сакаше ниту да го потврди ниту да го демантира постоењето на овој план.

Бутерсе, кој одби неколку барања за интервјуа, прифати "политичка одговорност" во 2007 година, за убиствата во декември 1982 година, но негираше директна инволвираност. Случувањата се' уште се обвиткани со мистерија, а групите за човекови права предупредуваат дека би можел да исконструира помилување за себе ако биде прогласен за виновен. Тој се врати на функцијата со формирање на коалиција со Рони Брунсвиџк, негов стар противник во Граѓанската војна во 80-тите години, конфликт што ги уништи марунците, потомци на избеганите робови.

Откако повторно стана претседател, Бутерсе го исмеваше осудувањето во отсуство за трговија со дрога во 1999 година во Холандија, поради криумчарење на повеќе од 450 килограми кокаин во таа земја велејќи дека станува збор за "речиси шега".

Сепак, Бутерсе остана на слобода, имаше корист од немањето на договор за екстрадиција меѓу Суринам и неговиот поранешен колонијален владетел. Сега доби дополнителен имунитет како шеф на држава каде Интерпол го одложи налогот за негово апсење. Тој колебливо почна со патувања во странство, посетувајќи ги Бразил, Гвајана и САД, каде присуствуваше на Генералното собрание на ОН.

Повторното враќање на политичката сцена на поранешниот лидер на Суринам доведе до нова загриженост во Холандија. Реагирајќи на неговиот избор минатата година, Максим Ферхаген, министер за надворешни работи на Холандија во тоа време, изјави: "Тој не е добредојден во Холандија додека не ја одлежи затворската казна". Холанѓаните, исто така, ја прекинаа безбедносната помош за Суринам по враќањето на власт на Бутерсе.

Но, холандските официјални лица неодамна заземаа поблаг приод, за да ги сочуваат односите. Холандскиот амбасадор Аарт Јакоби одби да коментира посебно за Бутерсе, велејќи само дека Холандија ќе продолжи да ја следи трговијата со наркотици и проблемите со човековите права во Суринам.

Јакоби, исто така, ќе продолжи да присуствува на годишната церемонија во знак на сеќавање на убиствата што беа извршени во декември 1982 година. "Со недозвлување да избледне сеќавањето за овој настан ние би можеле да спречиме нешто слично да се случи и во иднина", вели тој.

Ниту еден политичар не е толку способен да ја погоди популистичката вена на Суринам, делумно со осудување на Холанѓаните. Како креолец со светол тен кој тврди дека имал домородно потекло, Бутерсе ги премости етничките поделби во земјата.

Враќањето на Бутерсе беше овозможено преку сојуз со неговиот стар непријател Брунсвиџк, марунец, кој ја предводеше герилската војна против Бутерсе во 80-тите години, а сега е влијателен законодавец и еден од најбогатите луѓе во Суринам.

Брунсвиџк (50), исто така, знае што значи да се биде бегалец од меѓународната правда. Во 1999 година, холандскиот суд го осуди во отсуство за трговија со дрога. Франција има издадено потерница по него по обвинение за трговија со дрога. Сега и двајцата се причина за огромна нервоза меѓу групите за човекови права и организациите за борба против корупција во Суринам. "Тоа ви го зоврива мозокот", вели Шарда Ганга, суринамски политички аналитичар, "на што се вративме сега".

(Интернешенел хералд трибјун)


#
Статијата е прочитана 881 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Анкара и' предвиде банкрот на Атина
Гејтс гледа мрачна иднина за НАТО
Либиската опозиција доби над една милијарда долари
Хилари директорка на Светска банка?

"""