|
|
|
|
|
|
Хрватска во ЕУ на 1 јули 2013 година
Републиките од бивша Југославија една по една во ЕУ: Јосиповиќ и Ромпуј на вчерашната прес-конференција Брисел - Европската комисија денеска даде зелено светло за прием на Хрватска во Европската унија од 1 јули 2013 година, изјави во Брисел претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо.
„Европската комисија реши да му предложи на Советот на министри на ЕУ да бидат затворени и последните четири поглавја од вкупно 35 во преговорите со Хрватска за нејзиното присоединување кон Унијата“, се вели во изјавата на Баросо.
„Тоа го отвора патот за присоединувањето на Хрватска кон ЕУ од 1 јули 2013 година ако датумот предложен од Комисијата биде потврден од Советот“, истакна Баросо и додаде дека „ова е историски ден за Хрватска и за целата Унија“.
„Хрватска денеска е подготвена за чекор напред, а тоа е знак и за другите земји од Југоисточна Европа дека ЕУ е конзистентна и реформите си ја прават цената“, додаде Баросо.
Шефовите на дипломатиите на 27-те членки на Унијата се повикани од своја страна да го дадат своето одобрение на 21 јуни, неколку дена пред средбата на врвот на европските лидери, соопштија дипломатски извори во Брисел.
Преговорите со Хрватска долго време беа во ќор-сокак поради поглавјето правосудство. ЕУ бараше од Хрватска да одбележи напредок во областа на борбата против корупцијата, потрагата по воените злосторници и соработката со Хашкиот трибунал, како и да изврши реформа во правосудството, што ќе обезбеди независност на судиите.
„Не верував дека Хрватите ќе успеат да го постигнат тоа. Но, за една година тие целосно го реформираа судскиот систем“, изјави денеска еврокомесарот за правда, Вивиен Рединг. Хрватска ги почна преговорите за присоединување кон ЕУ во 2005 година. Хрватска е втора држава од поранешна Југославија што ќе влезе во ЕУ по Словенија, која стана членка на Унијата во 2004 година. (МИА)
|
#
|
Статијата е прочитана 1062 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: petko od sofija |
Датум: 11.06.2011 10:05:01 |
|
dobro dosli u nasata golema, zaednicka drjava! |
|
|
|
|
|
|
Од: Bibi |
Датум: 11.06.2011 12:19:45 |
|
А во 2006 год., ние бевме ЛИДЕР на Западен Балкан и Хрватска! Изгубивме 5 години на глупости и неспособни политичари. |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 11.06.2011 17:21:18 |
|
Pretsedatelot Ivanov e ubeden deka ke go sledime patot i deka i Makedonija ke fati priklucok , nekoja godina posle 2013?! Optimizmot e dobra rabota, ama realnosta e poinakva! Politicka kriza i pokraj izborite! Duri i vodeckite partii izgubija del od doverbata! Nivnite rezultati vo investiciite, vo vrabotenosta, vo standardot, vo penziskite i socijalni fondovi, vo privlekuvanjeto investicii , vo ekonomijata, vo turizmot se takvi kakvi sto se! Nekoe dinamiziranje ne e na povidok! Upravata, sudstvoto se reformirani kako sto se, ama pak nisto ! Imeto , ne se ni spomenuva na izborite kako problem so ponudeno resenie! Mozat site da tvrdat deka odime napred , ama godinata e 2011 ! Na krajot na krai{tata , vlezot vo EU ne e cel samata za sebe! EU treba da bide logicna posledica na normalnoto ziveenje vo Makedonija! Dali e normalno da se zivee so 1 Evro na den? ! Toa treba Vlasta da go odgovori , za da znaat barem 1.milion gragjani , pred vleguvanje vo EU, so vreme da si vadat vizi za Afrika |
|
|
|
|
|
|
Од: eu |
Датум: 11.06.2011 19:45:50 |
|
vo 1991g nosevme maicki so eu 1992g demek vo taa god ce sme vlegle vo eu spored gligorov......eve 2011 firerot se prci so grcite kako petel pobaruva pola grcija evropa mislat maeak mora da e bogata kako svajcarija stom tolku se prci si mislaM MOZEBI I E BOGATA NO NEZNAEME DA JA EXPLOATIRAME o mi e sram da kazam deka vo mak rabota nema za lek,deka nema beslatano zdravstvo no i ona najbolnoto mi e sram da kazam deka ako sakas da zivees vo mak vo 2011 ce trpis epa toa evropejcite nikako nemozat da go svatat.............. |
|
|
|
|
|
|
|
|