Хилари директорка на Светска банка?
ВАШИНГТОН - Државната секретарка Хилари Клинтон е во разговори со Белата куќа околу напуштање на функцијата следната година за да стане прв човек на Светската банка, изјавија во четвртокот извори запознати со разговорите.
Поранешната прва дама и едно време политички ривал на претседателот Барак Обама, набрзина стана еден од највлијателните членови на неговиот кабинет, откако го почна мандатот на почетокот од 2009 година.
Таа јавно изјави дека не планира да остане во Стејт департментот повеќе од четири години. Помошниците посочуваат дека Клинтон изразила заинтересираност во преземање на функцијата во Светската банка, откако сегашниот претседател Роберт Зелик ќе ја напушти по завршувањето на неговиот мандат во средината на 2012 година. "Хилари Клинтон ја сака таа работа", изјави еден извор кој добро ја познава државната секретарка. И втор извор посочи дека Клинтон ја сака таа позиција. (Ројтерс) |