Самоубиецот била тинејџерка
Лондон - Руската полиција верува дека меѓу бомбашите-самоубијци, кои во понеделникот ги извршија нападите во московското метро, била 17-годишна вдовица на еден дагестански бунтовник.Полицијата на југот на Русија потврди дека ја проследила до московските колеги информацијата за Џенет Абдурахман, која била омажена за еден од истакнатите исламски екстремисти, кои руските сили за безбедност го убиле кон крајот на минатата година. Рускиот весник „Комерсант“ ја објави фотографијата на Абдурахман и на нејзиниот сопруг, укажувајќи на сличноста на младата жена на сликата со остатоците на онаа што го изврши нападот во метрото.
Весникот пренесе дека се претпоставува оти една од двете жени бомбаши-самоубијци е 20-годишната Марха Устарханова, вдовица на лидерот на гудермеските екстремисти Саид Емин Хизријев. (МИА) |