Број 3249  сабота, 03 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Грчка шопинг инвазија на Бугарија

Тешко погодени од кризата Грците купуваат бензин,
храна и облека преку границата

САНДАНСКИ - Тешко погодени од рецесијата, граѓаните на северна Грција ги трошат своите евра од другата страна на границата, во соседна Бугарија, каде што цвета бизнисот на локалните трговци и стоматолози. Напредувајќи пред останатиот дел од земјата јужниот бугарски град Сандански сега се приклучи кон еврозоната, а блискиот Петрич можеби наскоро ќе го следи неговиот пример. Изненадувачки, промените беа предизвикани од економската криза што ја погоди Грција и резултираше со сериозни зголемувања на цените на секојдневните производи во хеленската република.

Во последните неколку недели двата погранични града буквално беа под инвазија од грчки купувачи, кои навалија во кафулињата и рестораните и чекаа во редови за посета на лекар и на стоматолог. Бугарските трговци радосно ги тријат рацете: „Не можам да кажам дека сме задоволни поради економските проблеми на нашите соседи“, објаснува сопственик на една фирма, „но без нив и ние ќе пропаднеме. Последните зголемувања на цените во Грција ги трансформираа нашите два града во еден вид златен рудник за сиромашните“.

Локалните жители имаат многу да кажуваат за „напаѓачите“ со колички. Сопствениците на продавници укажуваат дека тие директно плаќаат во евра и купуваат на големо. „Тие, едноставно, не купуваат едно парче сирење „фета“ како што правиме ние, тие земаат по неколку килограми. Откако почна зголемувањето на цените, тие почнаа да купуваат тука и овошје“, забележува еден продавач во Сандански. Некои трговци изјавија дека грчките потрошувачи не се секогаш лесни за услужување. „Тие сакаат да се нагодуваат за се', и покрај тоа што успеваат само да ја намалат цената за едно евро. Но, останува фактот, дури и такви потрошувачи се подобри отколку никакви“, инсистира друг трговец.

Грците, главно, купуваат храна, облека и обувки, односно производи со најголеми разлики во цените, додека продавниците за мебел и за домашна опрема, исто така, водат добар бизнис. Не постои бавен ден во извонредниот нов шопинг-центар „Техномаркет“ или во „Е-79“ од другата страна на границата, каде што повеќето трговци дискутираат за техничките спецификац��и на јазикот на Аристотел. Грците, исто така, ги посетуваат локалните бензински пумпи. Тие доаѓаат од околните региони за да ги наполнат возилата, кои, исто така, ги товарат со канистри, бидејќи бензинот е 50 отсто поевтин. „Треба да се организираме за да се справиме со рецесијата. Понекогаш испраќаме еден возач да го наполни резервоарот и толку канистри колку што може да понесе. Потоа го делиме бензинот меѓу пријателите и соседите“, објаснува Јоргос Евтимиос, фармер од малото грчко село Виронија. Јоргос доаѓа во Сандански неколку пати неделно за да се нагодува за сирење, огревно дрво, мебел... Тој носи чифт тренерки купени во Бугарија: „Пет евра за еден чифт!“. По таа цена тој купил три чифта. Некои од неговите сонародници, повеќето пензионери, вложуваат и планираат преселување во Петрич, каде што изнајмуваат мали станови или куќи.

Развојот во бизнисот не е ограничен само во трговијата: многумина од прекуграничните купувачи ги користат поевтините и пониските цени за стоматолошки услуги. Локалните стоматолози почнаа да работат и во викендите за да се справат со приливот од Грци. Стоматологот Никола Стоилов дури постави знак на грчки јазик за работното време на неговата ординација во Петрич. „Да, имам многу грчки пациенти“, потврдува тој. „Но, тие не можат да се мамат. Ги знаат локалните цени и плаќаат исто како и Бугарите. Но, се' поголем број од нив доаѓаат во мојата ординација. Сандански и Петрич се подготвени, добродојдени се“.


#
Статијата е прочитана 2135 пати.

Испрати коментар

Од: od esnaf
Датум: 03.04.2010 11:45:27
Trkaloto se vrti.......!!!
Од: Dejan
Датум: 03.04.2010 20:59:21
Cudno, a Bugarite doagaat i kupuvaat kaj nas bidejki bilo poeftino. Zosto ne bi napravile Grcite takva invazija vo Gevgelija i Bitola.
Од: abdula-turk(Sweden)
Датум: 04.04.2010 12:13:18
"Trkaloto se vrti" edno vreme site odevme na shoping za Solun bidejki Grcija ziveese i zivee od odpadocite na Evropa. Sega Grcite odaat na shoping vo Bugarija,bidejki Grcija i bugarija se clenovi na Evropskata unija tie megjusebno mozaat da trguvaat.Edna rabota treba da im bide jasno na gragjanite na RM-deka eden Grk ili Bugarin slobodno ne mozaat da kupuvaat ili da gi polnaat torbite so sirenje,kaskaval ili bilo sto bidejki podlezaat na zabrana od strana na nivnite carinski sluzbi.Deneska koga patuvame za EU gragjanite na RM-podlezaat na golema zadolzitelna kontrola (Macarska i Hrvatska) sirenje ili kaskaval samo mozes da cvercuvas.Deneska Grckite trgovci zarabotuvaat mnogu so otkupot na tutunot za eftini pari od RM a so toa im se zabranuva na turcite od Zapadna Trakija vo Grcija da proizveduvaat Tutun so eden takov ekonomski pritisok nad turcite gi prinuduvaat da se odselaat ili vrabotaat vo nekoji od evropskite zemji.

Најди! во Утрински
Свет
Путин го вооружува Чавез
Таблоид со респект за Пулицерова награда
Откриен вистинскиот лик на Исус
И Кралските семејства платија цена за кризата
Самоубиецот била тинејџерка
Ватикан слави -педофилските случаи се множат