Број 3249  сабота, 03 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Свет

Путин го вооружува Чавез

Венецуела и Русија ќе градат сојузништво на нафта и на оружје

Од нашиот дописник
Бранко Влаховиќ


МОСКВА - По осум посети на Москва од страна на Хуго Чавез, рускиот премиер и поранешен претседател Владимир Путин конечно допатува во Каракас каде што разговараше за воено-техничка соработка, енергетика како и стоковен кредит од 2,2 милијарди долари, за кој Венецуела би купила руско оружје. Колкава е популарноста на Владимир Путин во Јужна Америка покажува и тоа што за да се сретне со него во Каракас, допатува и претседателот на Боливија, Ево Моралес. На тие преговори главна тема беше трговско-економската соработка на двете земји, како и соработката во секторот на гас и нафта.

Венецуела е се' поголем купувач на руско оружје и на воена техника. Во септември минатата година, за време на посетата на Чавез на Москва, беше договорено Венецуела да добие кредит од Русија од 2,2 милијарди долари за кој би купила 92 тенка „Т-72“, како и реактивен ракетен систем „смерч“. Чавез имаше намера од Русите да купи и подморници на дизел, но се откажа, бидејќи немаше пари.

Путин присуствуваше и на предавањето на последните четири хеликоптери „МИ-17“ на Венецуела, која веќе доби три или четири такви летала. Во 2006 година Чавез потпиша договор во Москва за купување 38 такви хеликоптери. Во 2005 година Венецуела купи руско оружје во вредност од четири милијарди долари. Покрај хеликоптери, беа купени авиони, како и фабрики за познатата пушка „калашников“.

Раководствата во Москва и во Каракас веќе се договорија да формираат заедничка банка, чиј основачки капитал би бил четири милијарди долари, а Русите во неа ќе имаат 51 отсто акции. Русија има намера не само да продава свои камиони и автомобили во Венецуела туку таму ќе направи фабрики што ќе монтираат тешки камиони од делови произведени во Русија.

За време на престојот на Путин во Каракас, потпишани се 12 документи, од кои четири се однесуваат на енергетска соработка. Станува збор за големи проекти за добивање нафта во басенот на реката Ориноко. Наоѓалиштето „Кунин чес“ е многу перспективно, бидејќи се проценува дека таму има 53 милијарди барели нафта. Во конзорциумот од руска страна ќе влезат пет големи нафтени компании, а оваа година ќ�� бидат вложени од 60 до 80 милиони долари. Во тој проект се предвидува соработка во наредните 25 години. Главен партнер на Русите од страна на домаќините ќе биде „Петролеос де Венецуела“, при што оваа земја ќе има 60, а Русија 40 отсто акции. Според изјавите на Хуго Чавез, се планира уште во 2014 година дневно да се добиваат по 50 илјади барели нафта, а во 2017 година дневно ќе се вадат 450 илјади барели нафта.

Венецуела неодамна ја посети и претседателот на Белорусија Александар Лукашенко. Само во мај Венецуела ќе и' достави на Белорусија милиони тони нафта што ќе стигнат во украинското пристаниште Одеса.

Раководството во Вашингтон е незадоволно, бидејќи Русија и' продава оружје на Венецуела, иако го признава правото на Москва самостојно да донесува решенија. Всушност, оружјето што Венецуела сега го купува на кредит е одбранбено. Од списокот на воена техника и оружје може да се заклучи дека Чавез би се бранел од евентуална американска интервенција. Чавез е свесен дека не може да води битка во воздух, па би ги чекал Американците на копно.


#
Статијата е прочитана 1191 пати.

Испрати коментар

Од: citatel
Датум: 03.04.2010 17:35:58
amerikancite mozat samo da mu pluknat pod pendzere!
Од: od stranstvo
Датум: 03.04.2010 21:31:27
Zosto takov bombast naslov"Putin go vooruzuva Cavez". Venecuela kupuva odbrambeno oruzje, sekoj ima pravo na toa.
Од: C S.
Датум: 04.04.2010 01:26:56
jas isto mislam deka RUSIJA mlogo nije poblisku od amerika ama eve nasava drzava veke 20 godini se nadeve vo nekakva pomos od amerika .namesto da sorabotuvame so nasite najbliski vo sosedstvo i EVROPA nasive gi stavija site JAJCA vo edna kosnica vo USA i kako gledame i posle 20godini nevigam nikakvo izleguvane od toj KOR SOKAK.

Најди! во Утрински
Свет
Таблоид со респект за Пулицерова награда
Грчка шопинг инвазија на Бугарија
Откриен вистинскиот лик на Исус
И Кралските семејства платија цена за кризата
Самоубиецот била тинејџерка
Ватикан слави -педофилските случаи се множат