Ватикан слави -педофилските случаи се множат
ВАТИКАН - Папата Бенедикт Шеснаесетти го одбележа Велипеток, највозвишениот ден во христијанскиот свет, додека Римокатоличката црква се бори со скандалите поврзани со педофилија во свештенството. Во услови кога се пријавуваат нови случаи речиси секојдневно, кардиналот Камило Руини, викарот на папата за Рим, изјави за Радио Ватикан дека ова е „момент на страдање“ за Црквата. Католичките бискупи се обидоа да се соберат околу папата пред одбележувањата за Велигден, што ја зголеми популарноста за активностите на Ватикан.
Предводникот на римокатоличките бискупи на Германија, надбискупот Роберт Золич во специјалната порака изјави дека Велипеток мора „да означи ново тргнување, кое на сите ни е многу потребно“. Германската црква западна во криза откако десетици луѓе истапија со тврдења дека биле злоупотребувани како малолетници од страна на свештеници. Повеќето случаи датираат од пред неколку години. Злоупотребувањата ги полнат срцата на католиците со „болка, страв и срам“, рече Золич.
Скандалот со злоупотреба на деца зафати поголем дел од Европа и од САД и предизвика остри критики за Ватикан во врска со справувањето со случајот. Во четвртокот Франција стана најновата европска земја што е вовлечена во педофилскиот скандал, при што еден свештеник е обвинет за сексуална агресија на момче во 1992 и во 1993 година, а друг е осомничен за поседување порнографски фотографии на малолетници. (АФП) |