Се реконструира спортската сала
Неготино - Деновиве финишираат активностите за реконструкција на покривната конструкција на објектот на СРЦ „Младост“ во Неготино. Директорот Ѓорѓи Ѓорчев вели дека спортскиот објект, конечно, ќе го добие вистинскиот сјај и ќе профункционира како место каде што повторно ќе можат да се вратат културните и спортски манифестации.
„Нашата намера е деновиве да започнеме и со реконструкција на седиштата во салата, од кои речиси 300 се целосно уништени. Овој зафат ќе трае околу еден месец. Проблем претставува и подот на објектот, кој, исто така, е во катастрофално лоша состојба, а потоа ќе следува и санирање на санитарните јазли во соблекувалниците“, вели Ѓорчев. (А. Д.) |