Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Проработи Градскиот базен во Охрид

Охрид - По цела деценија пауза, вчера беше пробно предаден во употреба реконструираниот градски базен. Веќе од средината на идната недела официјално охриѓани и нивните гости повторно ќе пливаат и ќе се рекреираат на единствениот базен во градот. Истовремено, стартуваат со работа и школите за пливање и за ватерполо, кои ќе ги водат професори по физичка култура, предводени од професор Соња Думбалова.

Со реконструираниот градски базен ќе стопанисува ЈП „Билјанини Извори“, од каде што најавуваат можност објектот во скора иднина да биде покриенза да може да се користи во текот на целата година. Друг базен нема ниту во Охрид ниту во Струга, бидејќи хотелите, како што се „Инекс-Горица“ и „Метропол“, на местата на базените направија конгресни сали. Базенот ќе биде отворен од 9 до 20 часот. Во тој период свои термини ќе имаат школите за пливање и за ватерполо, додека за граѓаните е резервиран терминот од 12 до 18 часот и тоа за симболична цена од 60 денари.

Базенот во Охрид е со олимписки димензии, 50 метри должина и 25 метри широчина, додека длабочината изнесува два метра. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“, Гордана Јованоска, изјави дека покрај големиот базен, за најмладите атрактивен ќе биде и малиот базен. „Го оспособивме и малиот базен за децата, кој е идеален за учење пливање. Очекуваме оттука да излезат некои нови надежни пливачи, по примерот на Александар Маленко“, вели Јованоска.

Простор околу базенот ќе биде облагороден со трева и украсни дрва. Покрај првите лежалки што се веќе поставени за официјалното пуштање во употреба, во наредниот период ќе се дополнува со спортско-рекреативни реквизити. (В.М)


#
Статијата е прочитана 907 пати.

Испрати коментар

Од: pop
Датум: 05.08.2011 07:06:35
niv im treba bazen od zatvoren tip a se prasuvam kako ke treniraat tuka zimno vreme.c.c.c smesno...
Од: ohriganka
Датум: 05.08.2011 08:21:36
redno vreme bese da se renovira najubaviot del za odmor i rekreacija vo Ohrid.bravo za proektot
Од: Plivac
Датум: 05.08.2011 14:51:31
Otvoranjeto na bazenot i skolite za plivanje i vaterpolo e dobar poteg na lokalnata samouprava, megutoa ako ne se izgradi zatvoren bazen, se ke se svede na rekreativna rabota i zabava na bazenot, a se nadevam deka site ke se slozite so mene deka toa e premalu razvivanje za vrvniot sport vo Ohrid.

Најди! во Утрински
Политика
Ќе го оправи ли Тодоров здравството
Чуден потег на државата за ин витро за второ дете
Владата молчи за Ахмети, се огласи само Арифи
Тензии поради изградба на црква
Прилепчани ги пријавуваат штетите од невремето
...И уште нешто
Се реконструира спортската сала

"""