Број 3648  петок, 05 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Политика

Чуден потег на државата за ин витро за второ дете

Фондот за здравство предлага вештачко оплодување на државен трошок за второ дете, само за семејства во кои првото дете има ментален или физички хендикеп

Јасмина Јовановска

Фондот за здравствено осигурување конечно попушти и вештачко оплодување на државен трошок дозволи и за второ дете. Но, предлогот кој, како што дознаваме, веќе минал на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување, е безмалку невкусен. Правото на второ дете по пат на вештачко оплодување на државен трошок им е овозможено само на оние семејства каде првото дете има ментален или физички хендикеп.

Од Фондот потврдија дека овој предлог е поминат на Управен одбор и сега се чека министерот за здравство да даде зелено светло. Зошто е донесен ваков дискиминирачки предлог за ин витро за второ дете, од Фондот не сакаат да коментираат. Единствениот одговор е дека на оваа тема ќе се произнесат по завршувањето на годишните одмори.

Ваквиот предлог е дочекан на нож како кај родителите, така и кај правните стручњаци. „Како може ова право да важи само за една категорија семејства. Што ако кај некои родители заради некоја болест или повреда после првото дете, дошло до стерилитет. Зошто тие да бидат во подредена положба во однос на другите. Ова што го прави Фондот е морбидно“, револтирано вели еден татко кој има едно здраво дете, но неговата сопруга заради нарушена здравствена состојба сега не е во можност по природен пат да роди второ дете.

Реагираат и други родители кои откако го добиле првото дете жената не може за забремени веќе десетина години. „Иако немавме никаков проблем со зачнување на прво дете, сега имам 36 години и никако да станам бремена“, раскажува една мајка. Со сопругот се обидувале наназад веќе три четири години да добијат потомство, но ништо. „Се покажа дека проблемот е кај мојот сопруг. Досега баравме Фондот за здравство да ни' помогне за второ дете, но без успех. Немаме пари за приватно да правиме вештачко оплодување, а многу сакаме второ дете. Само што се израдувавме дека Фондот сепак се смилувал и за оние кои сакаат второ дете по вештачки пат. Но, се разочаравме. Тоа важи само за оние двојки чии први деца се болни. Ова е срамота што се прави“, додава разочараната мајка.

За правните стручњаци тоа е класична дискриминација на родителите, но и на децата. „Ако е така предложено, вештачко оплодување за второ дете да важи само за оние семејства каде едното дете има физички или ментален хендикеп, тоа не е во ред. Не може да се прави селекција за нечие право според здравствената состојба на личноста. Или го дозволуваш тоа право или не. Овој предлог е зрел за пред Уставен суд“, вели Стамен Филипов, правник во пензија, кој е познат по бројните претставки до Уставен суд.

И за професорот по уставно право Борче Давитковски предлогот е класична дискриминација на семејствата.„Ако се даде на Уставен суд, предлогот сигурно ќе биде оспорен. Се прави разлика меѓу семејставата врз база на здравствена состојба. Тоа е класичен пример на дискриминација“, потврдува Давитковски.

Правото е дадено колку да се даде

Правото на вештачко оплодување за второ дете на трошок на здравствената каса, велат стручњаците, е дадено колку да се рече дека не е забрането. Уште повеќе што Фондот за здравство се обидува да заштеди. Колку е Фондот економичен покажува и фактот што бројот на одобрените вештачки оплодувања за прво дете, од 2009 година до 2011 година е намален за половина. Така, во 2009 година била направени околу 1.500 ин витро оплодувања, од кога е воведена посебна комисија во Фондот која ги одоборува оплодувањата, а сега за неполна година се извршени само околу 600 оплодувања. Од Фондот се оправдуваат дека нема одбиени барања, разгледани биле околу 1.200, а се вратени само неколку барања заради дополнување на документацијата.


#
Статијата е прочитана 1043 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 05.08.2011 01:56:43
Е па да си гласавте за ДПМНЕ сега ќе ви одобреа.
Од: Трпе
Датум: 05.08.2011 08:30:22
Откако владата го направи проектот за решавање на стамбеното прашање на младите,нормално е тие да се решават и за повеке деца.Само се мора да биде по бројче.Како на времето во соседите кога за се мораше народот да се реди на опашка.Прво нашите па ако има за вашите лесно е.Затоа толку многу го поделивме народот на патриоти и предавници.Ниту мостот на Дрина не ни помага.

Најди! во Утрински
Политика
Ќе го оправи ли Тодоров здравството
Владата молчи за Ахмети, се огласи само Арифи
Проработи Градскиот базен во Охрид
Тензии поради изградба на црква
Прилепчани ги пријавуваат штетите од невремето
...И уште нешто
Се реконструира спортската сала

"""