Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Нетанјаху најверојатно иден премиер

ЕРУСАЛИМ - Лидерот на екстремно десничарската израелска партија Јисраел Беитеину изјави дека го поддржува лидерот на Ликуд, Бенјамин Нетанјаху, да формира нова израелска влада. Авигдор Либерман, прв човек на Јисраел Беитеину, постигна забележителни резултати на изборите што се одржаа на 10 февруари. По ваквиот расплет на настаните голема е веројатноста дека од Нетанјаху ќе биде побарано од страна на претседателот Шимон Перез да формира нова влада. Тој теоретски сега може да смета на поддршката на 65 парламентарци од 120-члениот израелски парламент.

Перез во средата ги почна средбите со партиските лидери, како дел од консултациите од кого да побара да ја формира следната влада. Ципи Ливни од центристичката партија Кадима освои 28 места, наспроти 27 на Нетанјаху од партијата Ликуд. Но, националистичките и религиозните партии, природните сојузници на Ликуд, исто така, постигнаа добри резултати на изборите. Нетанјаху ќе има шест недели да формира коалиција откако од претседателот ќе му биде побарано да формира нова влада. (Би-Би-Си)


Статијата е прочитана 137 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
„Њујорк пост“ обвинет за расизам
Прашка пролет во ЕУ
Ослободен убиецот на Ана Политковскаја
Стоп за Црна Гора во ЕУ
Измамник се женел 19 пати
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Исчезна милијардерот-измамник Ален Стенфорд
Настрада адвокатот на Берлускони