Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Настрада адвокатот на Берлускони

Случајот со британскиот бранител на италијанскиот премиер продолжува да бранува

Од нашиот дописник
Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Дејвид Милс, британски адвокат, некогашен активист на Лабуристичката партија и поранешен сопруг на министерка во владите на Тони Блер и на Гордон Браун, беше осуден од еден италијански суд на 4,5 години затвор поради корупција. Судот во Милано ги прифати наодите на Обвинителството дека адвокатот од Лондон примил мито од над 450 илјади евра од Силвио Берлускони, актуелен премиер на Италија, во времето кога овој бил само бизнисмен и политичар во опозиција. Милс не беше во судницата додека беше изречена пресудата, а го немаше ниту Берлускони, кој овој пат воопшто не беше вклучен во случајот. Без разлика на тоа што и според италијанските закони виновни за корупција се и оној што прима мито и оној што дава, италијанскиот премиер се исклучи себеси од овој случај откако претходно донесе закон според кој тој има имунитет од судско гонење, па затоа остана надвор и од процесот и од судот.

Според италијанскиот обвинител, Милс го примил поткупот за да сведочи лажно во двата процеса против Берлускони во 1997 и 1998 година, во кои беше обвинуван за прикривање данок и за измама на италијанската даночна управа. И во двата процеса британскиот адвокат, кој беше најмен од италијанскиот милијардер како советник за изнаоѓање „даночни олеснувања“ и начин како (легално) да се ��лати или воопшто да не се плати данок, на судењата се појавуваше само како сведок и правен експерт. Клучен доказ против Милс во неговиот случај беше едно писмо од 2004 година, во кое тој го известува својот сметководител дека тие преку 450 илјади евра се од „господинот Б“.

Дејвид Милс и порано, кога пред неколку години првпат се појави случајот и осомниченоста за „нечесни работи“ во неговата советничка работа со Берлускони, но и сега кога знае дека треба да отседи неколку години во затворска ќелија, тврди дека е невин. Се очекува тој да вложи жалба на пресудата, па сепак, без разлика како ќе се развиваат работите понатаму, тој веќе е вплеткан во две сосема различни тврдења околу потеклото на парите. Прво, Милс тврдеше дека парите ги добил од Берлускони, како што тврдеше, за доказите што ги изнесувал. Подоцна, меѓутоа, Британецот тврдеше дека парите се од италијанскиот бизнисмен Диего Атанасио, кој исто така бил клиент на Милс. Втората верзија ја потврди и Берлускони, но ја демантира посочениот Атанасио.

Излегува дека за еден адвокат, велат, мошне успешен и квалификуван во својот сектор, Британецот направил низа погрешни (недозволени) потези, па покрај за корупција, тој би можел да се обвини и за мамење на истрагата и на судот со прикривање на вистината. Со тоа не се согласува Милс, кој признавајќи дека е „длабоко разочаран“ од пресудата, тврди дека станува збор за „крајно исполитизиран случај“ во кој тој (засега) е единствениот виновник и жртва.

Така или не, случајот со адвокатот на Силвио Берлускони од поодамна е навлезен во политиката и во Италија и во Велика Британија. Италијанскиот бизнисмен - милијардер, медиумски тајкун и политичар од почетокот тврди дека обвинителите немаат случај против него, туку дека во прашање е политичка пресметка и настојување тој да се дисквалификува пред италијанските гласачи. Берлускони јавно го обвинуваше експремиерот Романо Проди, уште додека беше претседател на Европската комисија дека од Брисел води политичка војна против него и неговата партија. Додека беше во опозиција, Берлускони беше изведуван на суд, од каде што секогаш излегуваше како победник, па тој одново се врати во премиерската фотелја, а додека траеше судењето на Милс, во кое впечаток е дека повеќе му се судеше на човекот што го најмил да му биде советник, ја победи опозицијата на локалните избори и во Сардинија, принудувајќи го на оставка нејзиниот лидер.

Во Британија Милс од поодамна не е ниту лабуристички општински советник, па во политичките игри на британската сцена влезе како (тогаш) сопруг на Теса Џовел, министер за култура и близок сојузник на Блер, а сега министер задолжен за Олимписките игри во Лондон во владиниот кабинет на Браун. Кога првпат се обелодени дека Милс во Италија го обвинуваат за корупција со неговиот шеф Берлускони, се затресе британската влада.


Статијата е прочитана 334 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Нетанјаху најверојатно иден премиер
„Њујорк пост“ обвинет за расизам
Прашка пролет во ЕУ
Ослободен убиецот на Ана Политковскаја
Стоп за Црна Гора во ЕУ
Измамник се женел 19 пати
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Исчезна милијардерот-измамник Ален Стенфорд