Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Исчезна милијардерот - измамник Ален Стенфорд

Стотици луѓе побрзаа да ги повлечат парите од банките кои се поврзани со милијардерот од Тексас

АНТИГВА - Американските финансиски органи соопштија дека немаат информации каде се наоѓа сер Ален Стенфорд, кој е обвинет за наводна измама од осум милијарди долари. Милијардерот од Тексас не е виден од вторникот кога Комисијата за хартии од вредност поднесе тужба.

Стотици луѓе побрзаа да ги повлечат парите од банките во Антигва и Каракас, кои се поврзани со милијардерот од Тексас Ален Стенфорд, еден ден откако магнатот беше обвинет за измамата. Нема информации каде се наоѓа дрскиот финансиер. Телевизијата ЦНБЦ јави дека тој се обидел со приватен авион да замине од Хјустон каде што се наоѓа неговото седиште во САД, кон Антигва наемодавачот на авиони одбил да ја прифати неговата кредитна картичка.

"Не знаеме каде се наоѓа, искрено", рече Роуз Ромеро, директор на Канцеларијата Форт Ворт на американската Комисија за хартии од вредност (СЕЦ). Таа ја разгледува тужбата на Комисијата поднесена против Стенфорд во вторникот. СЕЦ го обвини Стенфорд за измама поврзана со продажба на депозитни потврди од неговата филијала во Антигва, Стенфорд интернешенел бенк (СИБ). Шемата на измамата се споредува со наводната измама на ветеранот од Волстрит Бернар Медоф од 50 милијарди долари.

На островската држава Антигва и Барбуда, каде што Стенфорд е најголемиот приватен работодавач, премиерот Болдвин Спенсер соопшти дека обвиненијата против Стенфорд би можеле да имаат "катастрофални" последици, но тој ја повика јавноста да не создава паника. Двајца полицајци ја чуваа Банката на Антигва додека најмалку 600 луѓе се собраа на улицата и покрај уверувањата од регионалните монетарни органи дека банката има доволно резерви.

"Загрижена сум", рече Андреа Ламар, која чекаше во ред со пријател на улицата популарна кај туристите во главниот град на Антигва, Сент Џон. "Би сакала да ги извлечам парите", рече таа.

Банката на Антигва, која има три ограноци во Антигва и Барбуда, е дел од раширените глобални деловни интереси на Стенфорд, но работи одделно од СИБ, оф-шор филијала која се најде во центарот на обвиненијата за измама поднесени од американските регулатори.

Источната карипска централна банка издаде соопштение во Банката на Антигва дека банката има доволно резерви. "Ако поединци упорно брзаат да стигнат до банката создавајќи паника, тие ќе ја забрзаат ситуацијата која сите се обидуваме да ја избегнеме", истакна банката.

Слична сена имаше и во Каракас, каде што неколку стотици луѓе чекаа во ред да ги извлечат парите од една банка на Стенфорд. "Стенфорд бенк Венецуела е солидна банка без какви било проблеми", рече Едгар Хернандес Беренс кој се наоѓа на чело на банкарските регулаторни органи на Венецуела. Официјален претставник на Венецуела објави проценки дека луѓето од таа земја имаат инвестирано околу 2,5 милијарди долари во Стенфорд.

Во граѓанската тужба СЕЦ тврди дека СИБ продала депозитни потврди од осум милијарди долари "ветувајќи високи стапки на добивка кои ги надминуваат стапките достапни од вистинските депозитни потврди што ги нудат традиционалните банки". Стенфорд груп тврди дека управува со средства од 50 милијарди долари.

СЕЦ соопшти дека Стенфорд не одговорил на судските покани за сведочење и не дал "ниту еден документ". Засега нема знаци за непосредни кривични обвиненија против Стенфорд, чие лично богатство според списанието "Форбс" минатата година беше проценето на 2,2 милијарди долари. (Би-Би-Си - Бизнис деј)


Статијата е прочитана 626 пати.

Испрати коментар


Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Нетанјаху најверојатно иден премиер
„Њујорк пост“ обвинет за расизам
Прашка пролет во ЕУ
Ослободен убиецот на Ана Политковскаја
Стоп за Црна Гора во ЕУ
Измамник се женел 19 пати
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Настрада адвокатот на Берлускони