Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Свет

Прашка пролет во ЕУ

Според претседателот Вацлав Клаус, вака како што тргнала ЕУ, ќе заврши како и Варшавскиот договор

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Претседателот чие име не сакаат многу да го слушаат во Брисел, чешкиот лидер Вацлав Клаус вчера ја обвини за едноумие и недемократичност ЕУ порачувајќи дека, вака како што тргнала, ќе ги врати назад во времињата за кои сите мислеле дека им припаѓаат на историјата, мислејќи на Варшавскиот договор. Дел од европарламентарците немаа нерви да го слушаат, па го исвиркуваа или заминуваа, но голем број го испратија со овации, додека претседателот на ЕП, Ханс Герт Потеринг, упорно се обидуваше да зборува, додека тие аплаудираа.

„Најстрашно ќе беше да ме пречекаа со тишина“, изјави по настапот Клаус, кој рече дека е среќен што неговиот настап предизвикал и одобрувања и оспорувања, бидејќи тоа за него е демократија, па така незадоволството е апсолутно в ред, а тишината е навредлива.

„Тој барем имаше шанса да се обрати во ЕП, и тоа е разликата меѓу него и нас“, му реплицираше Мартин Шулц, лидерот на групата на социјалистите која беше најбучна против обвинувањата на Клаус, кој дојде како прв претседател на Чешка што се обраќа по Вацлав Хавел пред една деценија. Паралелата не беше случајна, бидејќи Хавел дојде во Унија што ја сметаше како демократски одговор на недемократскиот источен блок, а овој Вацлав дојде да каже колку е разочаран од она што се случува во неа, бидејќи правецот во кој таа оди водел до местото од каде што Чешка еднаш избега. Тој, сепак, не одговори на главното прашање што од него го чекаа сите, односно дали ќе го потпише ратификувањето на Лисабонскиот договор, кое чека само на него и на референдумот во Ирска.

Уверувајќи ги новинарите дека се трудел да биде конструктивен, Клаус кажа нешта што ретко и тешко се кажуваат во Брисел, а да не се добие етикета на непријател на Унијата. Уште веднаш тој најави дека Чешка ќе одржи „комеморација“ на петгодишнината од проширувањето и тоа ќе го стори со дигнитет, бидејќи како земја не е разочарана од неисполнетите очекувања, бидејќи била реалистична што ќе се случи.

Откако изјави дека за Чешка нема друга алтернатива на членството во ЕУ и дека ниту една релевантна политичка сила во земјата не го оспорува тоа, тој искритикува се' што се однесува до неа. „Тврдењето дека сегашното статус кво, дека сегашната институционална форма на ЕУ е нешто што не смее никогаш да се критикува, е грешка. Да се тврди дека има само една можна и коректна иднина на европската интеграција, која е само ’многу поблиска интеграција‘, т.е. напредување кон подлабока и подлабока политичка интеграција на членките, е исто така грешка спротивна на рационалното размислување. За еден европски демократ овие две нешта не смеат да бидат догма. Нивното наметнување од оние што се сметаат за „чувари на клучот на европската интеграција е неприфатливо“, изјави Клаус во ЕП.

Според него, ништо друго освен човечката слобода и пазарната економија не можат да доведат до просперитет, па тој постојано е сведок на нови стравувања кај оние кои го поминаа 20 век без слобода и со нефункционална централно планирана економија, а сега го чувствуваат тоа во Европската унија.

„Сегашниот систем на носење одлуки во ЕУ е различен од класичната парламентарна демократија, тестирана и потврдена од историјата. Во нормалните демократии дел од парламентарците ја поддржуваат власта, дел опозицијата. Во ЕП го нема ова. Овде се промовира само една единствена алтернатива и оние кои ќе се осмелат да мислат различно се етикетираат како непријатели на евроинтеграцијата. Не толку одамна ние живеевме во политички систем што не дозволуваше алтернатива и секако парламентарна опозиција. Лекцијата беше дека без тоа нема слобода. Затоа, мора да постои алтернатива и овде“, порача Клаус, посочувајќи дека оддалеченоста меѓу гласачите и ЕП е се' поголема, дека одлуките не ги носат избрани, туку селектирани и дека усвојувањето на Лисабонскиот договор овие дефекти на ЕУ ќе ги направи уште поголеми. Односно, дека тоа ќе ги загрози сите позитивни достигнувања на Унијата во последниот половина век и ќе ги направи проблемите уште полоши.

„Немојте да дозволиме ситуација граѓаните да почувствуваат дека ЕУ-проектот не е нивен. Дека се развива различно од тоа што би сакале и дека се присилени да го прифатат. Дека проблемите се решаваат некаде и без нив и дека нивната моќ да влијаат е многу лимитирана. Многу брзо вака ќе се најдеме во времиња што припаѓаа на историјата“, рече Клаус.

Околу состојбата со економската криза, или поточно пазарната економија, неговите оцени беа уште повознемирувачки за Брисел, кој се подготвува за изборна година. „Мора да кажеме отворено дека економскиот систем во ЕУ е систем на потиснување на пазарот, на постојано јакнење на централно контролираната економија, иако историјата повеќе од јасно покажа дека тоа води кон ќор-сокак“, рече тој, посочувајќи дека економската криза се објаснува како последица на слободниот пазар, иако е обратно, бидејќи е предизвикана од политичка манипулација со пазарот.

Па, како пример спомна дека ЕУ вовела дури 66 отсто царина на свеќите увезени од Кина, нешто што тој не верувал дека можно да се случи во денешна Европа, божем определена за пазарна економија. Неизбежен ефект од тоа, според него, е економска пропаст, па одговор може да биде само либерализација и дерегулација на европскиот пазар. Во овој момент, порача тој, најважно е да се обезбеди слободна расправа за овие прашања, таа да не биде замолчувана како напад на самата идеја на ЕУ- интеграцијата, да можат да се слушнат и други освен „политички коректните мислења“, без оглед колку и да не се согласуваат, бидејќи само тоа е здрава демократија. Прашан дали, сепак, ќе го потпише Лисабонскиот договор, Клаус одговори дека се' уште нема одговор на тоа прашање и дека процедурата не стигнала до него, туку е во парламентот. Тој, сепак, потврди дека лично е против Лиса��онскиот договор.

„Не мислам дека ЕУ оди во добар правец ако некои земји-членки се третираат подеднакво од другите“, беше неговото објаснување на прашањето може ли Ирска да го отфрли референдумот и да остане неказнета, со оглед на пораките дека ќе добие статус на второкласна земја-членка ако повторно се случи тоа. Тој дури ги оцени како невредни за коментирање изјавите на францускиот лидер Никола Саркози, порачувајќи генерално дека сака да се бори против постојните бариери во ЕУ и ќе се спротивстави на секој што сака да гради нови.

Прашан директно зошто Чешка и натаму е членка на ЕУ ако е толку голема разочараноста во неа, Клаус одговори дека мисли оти земја од формат како неговата нема друга можност освен да биде во Унијата. „Но, да бидеш добро момче денес треба да бидеш во ЕУ, а јас не сакам да бидам лош“, порача тој.

Инаку, од Чешка стигнаа веќе најави дека владејачката партија ОДС ќе излезе од најголемата група народни партии, бидејќи не се гледа себеси во таа филозофија и практика, а истото го најавија и британските конзервативци кои заедно со Чесите важат за најевроскептични нации во Европа.

Со Лисабонскиот договор е вклучена и можноста првпат некои од земјите и да бидат исфрлени од Унијата, но тоа би бил почеток на крајот на проектот „Обединета Европа“. Распределбата на функциите во ЕУ наесен ќе покаже колку е голем политичкиот јаз и недоразбирањата меѓу Западна и Источна Европа и дали тој ќе биде движечка сила за ЕУ да оди напред или ќе води во спротивна насока.


Статијата е прочитана 1638 пати.

Испрати коментар

Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.02.2009 00:07:20
Odlicno - eve mu uste eden izgovor na ovcarot :))
Од: Dr Stojadin B.Naumovski /MAC-Detrot
Датум: 20.02.2009 07:19:38
Bravo za Klaus. Mi se cini kako da gi slusnal moe koentai (od odamna povtoruvani) ili da gi cital moite tektstovi po ova prasnje sto moza da se najdat po internet. Da, tuka spaga i "izleguvanjeto " n Grcija od EU! Vo izjavata na Klaus samo nedostiga komentar za Makedonija pa da bideefektot kompleten. Koga sme tuka, poveke vladi sum gi prasal: ...sto e vasiot "Plan B"? Sto dodeka ne primat vo NATO i EU, sto ako oopsto ne ne primat? Eventualniot "aspd a EU i NATO ke sozdade dolgo ocekvan i posakuan haos na Balkanot. Evroaziskiot most se pobliskodo Evropa se nisa!
Од: Dimitar
Датум: 20.02.2009 07:33:24
Klaus e apsolutno vo pravo, i totalno se slozuvam so site negovi izjavi..Eden od retkite irskreni politicari vo Evropa, zemajki go i faktot sto se protivese na Ceskoto priznavanje na Kosovo... p.s taman nie ke napravime reformi za 20god vo EU i unijata ke se raspadne:)
Од: Zoran Velkov
Датум: 20.02.2009 09:00:26
Vo Evropa nema pazarna ekonomija a najmalku ima DEMOKRATIJA go znam toa bidejki sum vo Italija a nasata Makedonija e vo zabluda deka ke ima podobar zivot vo unijata???????
Од: Trpana
Датум: 20.02.2009 09:16:14
Pojma vie nemate be lugje...pa i onaj slepecot od EU. 21 vek...se otkija novi soncevi sistemi novi planeti...moznosti za zivot na istite....lugjeto patuvaat na mesecinata a makedonceto ne moze granica da premine...kaj bugarite sto prodavaat na ulica da pojde...i ne ne ni treba EU? Togas sto baras vo EU ovcaru? Vrati si se nazad i pronajdi internet i plati go, pa da dades komentar.
Од: девичанецот
Датум: 20.02.2009 09:36:54
Отворено искажано мислење. Само штета што нашите политичари, на чело со претседателот ни и неговата тајфа, освен НАТО и ЕУ, неможат да видат ништо друго?
Од: Komentator...
Датум: 20.02.2009 10:33:48
zalosno e edna dobra ideja de se napravi zaednica na eu drzavi kako ravnoteza na se pogolem galop na ekspanziona politika na SAD propaga...I toa propaga poradi harikiripolitika na EU ..politicka elita koja zaglavi vo korupcija skandali...podrska na novi seceonisticki drzavi.....politicari koi se krijat pozadi kvazi demokratija..prodavajki na mali narodi m...a za bubrezi...a vo svojata zemja imaat samo...narod koj gleda samo standardot da im e "rozov" zivejki" "bezbedno" od prvi do prvi...a tikvata ili balonot na Eu veke ima dosta puknatini...a koga konecno ke pukne ..nema nazad...ZALNO:::propadna vizija na nepovtorlivi politicari DE GOL I MITERAN sega se e samo mackina kaslica....!!!
Од: Вано
Датум: 20.02.2009 12:10:57
Одличен натпис што фрла рефлексија на состојбите и дебатите, или обидите за дебати, во РМ. Поддржувачите на националостичко популистичката политика во РМ веднаш истрчаа да го поздрават говорот на Клаус само заради критичкиот тон кон ЕУ, што произлегува од антиевропската идеологија, што е легитимно, но не навлегуваат во анализа на конкретните аргументи на говорот на Клаус. На пример: 1. Клаус ја критикува ЕУ за недостиг од демократичност, дебата и искажување на спротивен став од моменталните политики. Ве молам, запрашајте се дали денес РМ се соочува со ист проблем...дали неподдржувањето на Владата е издигнато на хистерично ниво на национално предавство? 2. Клаус критикува за преголем интервенционализам во економските текови. Запрашајте се дали во РМ Владата интервенира во економијата и не само што влијае туку има амбиција целосно да ги контролира економските текови? Предизвик за вистинско критичко размислување, а не само антиевропска патетика. Што не е добро за ЕУ не ќе да е ни за РМ
Од: makedonija
Датум: 20.02.2009 12:11:08
Site tie sto mislat deka nema demokratija ili los e zivotot vo EU a ziveat tamu Makedonija ke gi primi vo svoite pregratki i ke im ponudi se da se osekaat zadovolni.
Од: Владо
Датум: 20.02.2009 14:31:13
Тоа што Клаус го говори на полната ЕУ трпеза е само семејна кавга. Тоа, пак, што тука некои говорат дека „грозјето било кисело“, тоа е само обид да се прикрие збунетоста. Додека не се најде некој луд, зарем не? ;-)
Од: kole
Датум: 20.02.2009 14:54:25
Gospodinot so naslov Komentator e isklucitelno vo pravo. Edna plejada na povoeni evropski politicari gospoda so isklucitelni vrednosti i lichnosti postepeno ichezna i vo godinite shto sledea se pojavija kako moda nekoi klovnovi so shminkerski izgled (Bler; kli). Pa se pojavija ushte poloshi (Sarkozi, Kushner, Ahtiisari) i kako od pandorina kutija politickiot prostor se ispolni so sharlatani i kradci, koi i se ulizuvaa na SAD i popatno vo bivshite YU prostori pravea dar-mar (kushner, Ahtisari) i se vkluceni vo site matni raboti i genocidi i korupcija. Od tuka modata na "politicki manekeni" se preslika i vo bivshite YU republiki pa se kreiraa Gjukanovici; Sanadercii nashive domashni i poziciski i opozicki tuturutki. Koga gledam nekoja dokumntarna emisija od 70 te i 80 te tie ludje politicari mi deluvaat mnogu poseriozno (Tacerka); a i Amerikancite od 70 te (obicniot narod) izgledaat ponormalno i daleku daleku povitko od sega. Pa i onaa promocijata na Obama so zaglupaveniot narod okolu???

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Свет
Нетанјаху најверојатно иден премиер
„Њујорк пост“ обвинет за расизам
Ослободен убиецот на Ана Политковскаја
Стоп за Црна Гора во ЕУ
Измамник се женел 19 пати
Словенците на референдум за хрватското членство во НАТО
Исчезна милијардерот-измамник Ален Стенфорд
Настрада адвокатот на Берлускони