Измамник се женел 19 пати
Торонто - Седумдесетгодишник, кој еднаш признал дека се женел 19 пати, без да се разведе од претходните сопруги, деновиве се предал на полицијата во Торонто.
Против него е покренато обвинение за моногамија, а истражните органи трагаат по можни нови „жртви“ на овој неуморен младоженец. Извесен Оливер Килин, 71-годишник од Торонто, се фалел на репортерот на „Торонто стар“ со својата „брачна колекција“. |