Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Прилепските стечајци бараат да се врати условот за стаж

ПРИЛЕП - Околу 700 прилепски работници, технолошки вишок, стечајци и други граѓани поведоа иницијатива за пролонгирање на примената на новиот Закон за пензионирање до 2010 година.

Тие инсистираат основен критериум за пензионирање да биде стажот од 35 години за жена и 40 години за маж, а не како што превидува новиот закон со 62, односно 64 години старост.

Носител на иницијативата е прилепчанецот Гоце Стојаноски, кој и по 37 години работен стаж, сега е технолошки вишок. „ Мојата сопруга работи веќе 35 години. За да го оствари правото на пензија и' се потребни уште 9 години, кога ќе има стаж од 44 години. Јас не знам кој е тој човек, а особено жена што може цел живот да работи“, реагира Стојаноски.

Со новите измени на Законот не се согласува ниту Снежана Котеска, работничка во Тутунскиот комбинат- ДООЕЛ „Цигари“.

„Никој не е виновен што во едно друго време не' вработуваа млади. Вработена сум 21 година, а сега имам 57 години. Но, ја чувствувам веќе староста, имам сериозни здравствени проблеми, и не можам да работам уште 5 години, немам веќе сила да одработам за да дојдам до право на пензија. Од друга страна, младината остана без работа. Луѓе и со повеќе од 40 години немаат една година стаж“, реагира Котеска.

По првата средба во Општинскиот синдикат на ССМ, избран е иницијативен одбор, а веднаш потоа ќе се формира и Здружение кое своите барања писмено ќе ги достави до Собранието, Владата, претседателот на државата и сите други надлежни институции.

„Целта на оваа иницијатива е токму, според моделот на другите држави, да се продолжи периодот на приспособување и примена од старата до новата законска регулатива за пензионирање“, вели Тони

Јовески, претседател на општинската канцеларија на ССМ. (Мн.Т.)


Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар

Од: lola
Датум: 30.09.2008 08:03:54
gi poddrzuvam rabotnicite.i da se prolongira do 2010 sekogas ke ima osteteni.najdobro koja zena ima 35 staz i maz 40 da si odat vo penzija.A drugite kako im odgovara do starost. najispravno e taka
Од: vesna
Датум: 30.09.2008 16:45:03
Eve eden primer: Mojot tatko raboti od 17 godini. Sega ima 56 godini starost i 39 godini staz. Uste kolku toj i takvite ( a gi ima) treba da rabotat? 50 god. li staz da ima? Toa vi e prijateli prerodbata, a ne da ne lazat so 10 % pokacuvanje na plati, koga samo strujata ke poskape 20%.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Како адвокатите станаа познати лица
Штипски „Исар“ ќе го враќа долгот за струја со продавање имот
Ќе ја спаси ли МРТ од стечај новиот директор
Снег
Грција во Стразбур бара да бидеме нарекувани Славомакедонци
„Новофест“ ги зближи Ново Село и грчкиот Муриес