Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Грција во Стразбур бара да бидеме нарекувани Славомакедонци

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски


Нанси - Грција не се откажува од негирањето на идентитетот на Македонците, одејќи до апсурдност да докаже пред меѓународната јавност дека „Македонци има само во Грција“.

Илустрација на овој пристап на официјалната грчка политика, како што дознаваме, се случила при претставувањето на извештајот за ситуацијата со човековите права во Македонија пред Комитетот на министрите на Советот на Европа.

При претставувањето, комесарот за човекови права, Томас Хамарберг, во повеќе наврати рекол Македонци за народот и ја именувал земјата како Република Македонија, што не му се допаднало многу на грчкиот претставник во извршниот орган на Советот на Европа.

Грчкиот претставник најпрво реагирал со дискусија,а неколку дена подоцна доставил и во писмена форма забелешка за користењето на термините „Македонци“ и „Република Македонија“.

Најпрво, претставникот на грчката влада побарал да се употребува само името под кое Република Македонија е примена во ОН, познатата референца. Но, и самите грчките претставници не го почитуваат ова, користејќи ја многу почесто само кратенката, на што често се реагира од македонска страна.

Вториот дел од реакцијата на претставникот на грчката влада во Стразбур е многу поинтересен. Имено, се бара да не се користи терминот „Македонци“ за населението во Република Македонија и наместо тоа да се нарекува само како „Славомакедонци“.

Ова се објаснува со фактот дека со нарекувањето на населението на соседната земја само со името „Македонци“, се „навредувало чувството на 2,5 милиони Македонци“што живеат во Грција.

Првпат со ставот дека во Грција има 2,5 милиони Македонци официјално се огласи, токму во Стразбур, грчкиот премиер Костас Караманлис во јануари 2007 година. „Јас сум Македонец и други два и пол милиони Грци се Македонци и поради тоа, прашањето не може да се гледа на унилатерален начин“, рече тогаш Караманлис.

Но, последниот настап на грчкиот претставник во Стразбур, е прв официјален обид да се вметне во документ на Советот на Европа, дека во Грција живеат 2,5 милиони „грчки Македонци“.

Како што дознаваме, на ова реагирале македонските претставници во Комитетот на министрите. Ваквиот став на грчката влада доволно зборува за тешкотиите и пристапот што го има таа во преговорите што се водат за името на Република Македонија, но и дека Грција нема така лесно да се откаже од употребата на придавките извед��ни од името „Македонија“.

Во 2004 година во Советот на Европа беше направен обид официјално да се залепи придавката „словенски“ кога стануваше збор за македонскиот јазик, култура, население, традиции итн.

Тогаш во Стразбур се појави еден внатрешен документ со кој на Секретаријатот на оваа паневропска организација му се советуваше како да се однесува кога станува збор за државјаните на Република Македонија и употребата на придавката „македонски,(а),(о)“. Така, за државјанството наместо „македонско“ беше советувано да се употребува „државјанин на поранешната југословенска република Македонија“.

Следуваа потоа советите за јазикот, културата, традицијата итн. на кои, според интерниот документ, требаше да им се додаде придавката „славомакедонски“, а за македонското малцинство во соседните земји да се додава терминологијата „како што се определуваат самите тие “.

По откривањето на документот и силната мобилизација на јавното мислење во Македонија, во Стразбур се негираше неговото постоење, а тогашниот генерален секретар Валтер Швимер, чиј директор на кабинет го имаше потпишано документот, ги нарече овие настани „бура во чаша вода“.

 


Статијата е прочитана 1556 пати.

Испрати коментар

Од: Angele L. Vretoski
Датум: 29.09.2008 04:47:05
Pred nekolku broevi koga se velicese “sobirot na slavistite” vo Ohrid, odgovorniot za ispratenite komentari ne go objavi mojot komentar – pa sega se nadevam deka ke go objavi. Sekoj sto kuka po “Slavjanizmot” istiot pluka po Makedonizamot. Sekoj sto poveruval na lagite na “Slavjanizmot” toj se otkazuva od Makedonizmot. Sekoj sto misli deka Makedoncite poteknuvaat od nekakvi si lazno izmisleni sloveno/slavjani gi sece korenite na Makedonizmot. Sklav na Latinski = ROB. Sklavos na Grcki = ROB. Sloven na Angliski = Valkan ili neureden covek. Sloven na Italjanski = Persona Trsandato ili lice koe se vitka vo zavisnost na veterot...... Slovo na Makedonski znacelo i znaci = Pisan Dokazan Zbor (Bozjo Slovo).... covek koj znael da pisuva i cita SLOVA bil ucen ili SLOVEN, no toa ne znaci deka poteknuval od Karpatite ili deka e pripadnik na Hunite, Tatarite, Pacenezite, Volgarite i slicni na niv.
Од: robert
Датум: 29.09.2008 05:39:55
E pa ova moj drag prijatele Toni vo Makedonija go tvrdi i opoziciskata SDSM i nivnite usijani glavi.Zatoa dojdovme do ova deredze so imeto!!!
Од: strate
Датум: 29.09.2008 06:56:05
Ova neka e kako pouka do citatelite da ne zaboravat koj saka da ni go promeni identitetot i imeto,pa ako nekogas dojde do referendum za imeto da ne go zaboravat ovoj napis.
Од: Todor
Датум: 29.09.2008 07:53:09
Ako mozevme da bideme juzni slavjani, zosto sega ne mozeme da bideme slavjanski makedonci. Teoriite deka sme anticki makedonci samo ne pravat smesni pred svetot.
Од: istoricar
Датум: 29.09.2008 11:26:13
Ova resenie e edinstveno,fakticki grc ne narekuvaa vaka i pred 30god i nie nisto ne se bunevme togas.Ionaka namame sansa vo EU pod imeto samo Mak a prisvojuvanje na anticka Mak doveduva sansite za eu i nato na 0,zatoa mislam ako ne so ova togas garant so slednata vlada(sds)vleguvame vo eu so ova ime,eu e edinstvena moznost da se zboguvame so siromastijata alternativa e status qvo ili receno selski 80% i ponatamu da ostanat na piper i leb a za uslovite na bolnicite,bolnite,romite,nevraboteni,hendikepirani,stari iznemosteni i nepokretni da ne zboruvam.........
Од: iceman
Датум: 29.09.2008 13:43:57
Kako gluposti "Grci Makedonski" ??? Nema "Grci Makedonsi", tie se naceleni od Turcija i Asia Minor. Tie ne se "Makedonski" ti se naseleni vo okupirna Makedonija 1912. Gluposti! Jas ne gledam Evrejte koj se naseleni vo Palestina da se vikaat "Evrej Palestinci". Toa e bidejki se naceleni , isto taka kako ovie naselenite od Turcija i Asia Minor i kalveni vo okupiarana Makedonija 1912. Vie sve 2.5 millioni naceleni , a ne "Makedonski". Golema propaganda of Nacelena Valada od Atina.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 29.09.2008 13:51:51
Самите грци изгледа незнаат што се,ако ги има 2500000 што се чуствуваат како македонци,нека излезат пред меѓународната заедница и нека јавно кажат.Сега испаѓа дека оваа бројка пгоре се и македонци истовремено и грци-небаре се и машко и женско-двоец.
Од: kris
Датум: 29.09.2008 15:32:39
Па ние сме биле 4,5 милиони македонци сите заедно! 2 овде и 2,5 таму! Што ќе прави Грција ако решиме да се обединиме? Само првин тие грци таму треба да научат МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК, па да се одкажат од грци! Ај ќе ги почекаме...
Од: Kocin-Sydney
Датум: 29.09.2008 15:32:50
Navistina golemi gluposti i propusti za svetskite istorichari. Ako svetot ne e dovolno svesen deneska i ne ja poznava vistinskata istorija za Makedonija, koja bila Makedonija i koi bile Makedoncite a koga se pojavuvaat Grcite i Grcija?!Do koga svetot kje i dozvoluva na Grcija da go laze svetot , Evropa i samata sebe so nejzinata shovinistichka politika???
Од: zavean planinar
Датум: 29.09.2008 16:51:44
Do kolku posledniot predlog na Niemetz ne se razgleda seriozno, makedonskite politixari ke imaat seriozen problem da mu objasnat na svojot narod zosto zaloznickata drama na 2 milioni luge prodolzuva vo nedogled. Isto taka Makedonskite politicari so svoite Itar Pejo finti nema da projdat kaj zapadnite partneri, i seriozno ke se razgleda nivnata agenda za odalecuvanje na Makedonija od Nato. Prikaskite so manipulativen patriotizam nema da pomognat naprotiv ke se vratat kako bumerang vrz svoite kreatori. Ime na drzava za megunarodna upotreba : Gorna ili Severna makedonija Nacionalnost : Makedonska Jazik : Makedonski Pozdrav od SAD
Од: Igor_Jovanovski
Датум: 30.09.2008 01:01:36
nekogashnite juzhni slaveni sushte go upotrebuvat slavenskiot jazik, imat slavenska kultura , slavenski tradicii, pa zashto nekoi od niv sega se sramat od toa? sega otkrile deka slav sklav znaci rob pa po ubavo bilo da se narece sega deka e potomec na alexandar veliki
Од: makedonce
Датум: 30.09.2008 10:39:56
koj misli poinaku od imeto republika makedonija i makedonski jazik ,i makedonski narod toj ne moze da se smeta za makedonec tuku za izrod ...cist makedonec ne menuva ime 7 iljadi godisno samo izrod moze toa da go pravi kako sdsm i branko na celo
Од: patriot
Датум: 30.09.2008 13:04:26
Jas baram vo Strasbourg grcistata da ne narekuvaat Arapskogrci....... Ah ah ah jadi grcista, kolku imaat maka od vistinata, koga i da e ke gi dostasa....
Од: dedo dimo
Датум: 30.09.2008 14:23:45
Grcite taka mu pasuva taka zboruvaat toa ne me nervira tolku .Toa shto me nervira e nashite luge ,po nekoj ,koj po se sakaat nachin isekoja cena Makedonija da vlezi vo NATO i EU .. A Nato od edna strana e dobro a EU ne garantira nishto .i ovie koj mislat dekaEU ke gi pozlati greshat .Ali ako tolku sakaat vo EU pa zoshto ne odat ,ima nachin nakoj da se odit pa videtesija silata , No nemislete deka bez rabota davaat pari Morash da rabotish od nok do nok pa da zarabotish neshto .Imeto na nashata zemja e povazno od sve i identitetot,.Bidete po pametni ,ako MAkedonija beshe Grchka pa shto e delea so SRbija i Bugarija ,ne gledate kakvi problemi stvaraat za Kipar a toj e tolku odalechen od niv ,e shto mislite sega Grcite sakaat da mu e poklonat Makedonija na Bugarite i Srbite .Ej zivotni edni shto mislite ,predavnici i vie poedinci a i SDSM
Од: Dr. Mihail Sorko , Ohrid.
Датум: 30.09.2008 15:07:05
* Koga PRAVDATA KASNI , site gi usporuvaat cekorite ! * SOKRAT 469-399 g pred novata era ,antiuci filozof , ucitel na Platon.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Како адвокатите станаа познати лица
Штипски „Исар“ ќе го враќа долгот за струја со продавање имот
Ќе ја спаси ли МРТ од стечај новиот директор
Снег
Прилепските стечајци бараат да се врати условот за стаж
„Новофест“ ги зближи Ново Село и грчкиот Муриес