Многуте апсења последниве години повеќемина адвокати претворија во лица кои ги препознава јавноста
Љубиша Станковиќ
Приведувањето на универзитетски професори, бизнисмени, судии, правобранители и градоначалници во последниве години ги ставија пред јавноста и адвокатите, кои со сите сили се трудат да ја докажат невиноста на своите клиенти.
Несомнено дека медиумската презентација на адвокатите ги прави познати ликови во повеќето домови, а ако успеале да добијат и некој важен процес, им се зголемува и нивната вредност на пазарот.
Како се снаоѓаат во ваквата улога, прашавме неколкумина од нив, кои всушност и се најпознати на јавноста.
„Со кривична материја се занимавам повеќе од 30 години. Како адвокат-кривичар сум застапувал во речиси сите судови на поранешна Југославија. Сум бранел клиенти во речиси сите окружни, но и во врховните судови во Белград, Загреб и Љубљана. За кривични дела за кои беше предвидена смртна казна сум застапувал и во тогашниот Сојузен врховен суд на Југославија“, вели Саво Коцарев, за кого не може точно да се одреди во колку процеси бил на адвокатската клупа последниве десетина години.
„Сега, кога Македонија е независна, работата е концентрирана на застапување во судовите во државава, а и законот не дозволува да застапуваме надвор од државава. Од своето богато искуство го научив и тоа дека адвокатурата секогаш треба да има добри односи со медиумите кои, или ќе те воздигнат или ќе те уништат како адвокат“, вели Коцарев и појаснува дека изборот за работење на кривичната материја паднал сосема случајно, но дека останал негова крајна определба.
Како еден од оние случаи кои трајно ќе му останат во сеќавање е процесот што се водеше против војникот од ЈНА, Азиз Кељменди, кој на спиење уби неколкумина војници во тогашна Југославија. Згрозеноста од настанот, како кај јавноста, така и кај медиумите, го попречувале нормалното работење и бранење на обвинетиот.
Со повеќе од 30 години работа како кривичар може да се пофали и адвокатот Никола Поленак. Неговите почетоци се врзани со работење во судот, најпрво како стручен соработник, а потоа и судија-кривичар. Веројатно, искуството што го стекнал како судија било пресудно во подоцнежниот тек од кариерата да се определи да работи како адвокат-кривичар.
„Во адвокатурата сум од 1976 година но, и покрај големото искуство, не можам да кажам зошто ме бараат клиентите. Веројатно, тие знаат дека мојата работа ја одликува стручност и професионалност. Знаете, адвокатите се на пазар. Клиентите се тие кои бираат кого ќе го ангажираат за свој бранител. Зад себе имам илјадници предмети и не сакам ниту еден да го издвојам, бидејќи во секој од нив се имам вложено“, вели Поленак. Тој, меѓу другите, го бранеше и претседателот Бранко Црвенковски во спорот со сопственикот на неделникот „Фокус“, Никола Младенов, и успеа да го добие процесот.
Во последно време еден од најангажираните адвокати е Мирослав Вуиќ. Тој за себе вели дека како кривичар работи од првиот ден кога станал адвокат, во 1993 година, и дека не води статистика колку предмети во изминативе 15 години му поминале низ раце.
„Работам исклучиво на кривичната материја. Не работам граѓански предмети, не застапувам во управни спорови и не регистрирам фирми. Зошто токму кривична материја? Знаете, Симон Трпчевски свири класика и публиката тоа го очекува од него. Никој не очекува дека момчето ќе свири турбо-фолк. Така е и со мене. Работам само кривични предмети и ништо друго и засега не планирам ништо да менувам во тој правец“, објаснува Вуиќ. Последниот во низата големи случаи Вуиќ го имаше со апсењето на струмичкиот градоначалник и од неодамна в.д. претседател на СДСМ, Зоран Заев.
Иако зад себе има само десетгодишно искуство во адвокатурата, сепак, работниот век на Стеван Павлевски е комплетно поврзан со кривично-правната материја. Павлевски цели 22 години има работено во Јавното обвинителство каде што ги има поминато сите скалила: од заменик-основен обвинител до државен јавен обвинител. Ова само посебе подразбира дека добро ги знае сите фази на една кривична постапка.
„Моето работење на кривичната материја е продолжение на занимавање со оваа проблематика. Долги години работев како заменик, но и како јавен обвинител на Македонија и сум постапувал во сите фази на една кривична постапка. Зошто клиентите ме бираат да ги застапувам е малку несоодветно јас да одговорам, но можам да кажам дека убиството на тројцата полицајци кај Арачиново ми беше прв адвокатски предизвик. Овој предмет и ден-денеска не е пресуден и целиот е полн со контрадикторности. Мислам дека оперативно не е изработен докрај, но некој напредуваше во кариерата во Јавното обвинителство“, вели адвокатот Стеван Павлевски. Тој потсетува дека заменикот што работел на овој случај во некои други времиња и под други околности ќе требало да сноси консеквенции, а не да биде унапреден.
Иако Павлевски не сака многу да говори за овој случај, кој низ судовите се влече веќе десетина години, фактите велат дека застапничката на обвинението, и покрај ослободителната пресуда, сега е заменик виш јавен обвинител и претседател на Советот на јавни обвинители.
И на овој случај може да се гледа како на вечна борба помеѓу Обвинителството и адвокатите. Несомнено, логиката на адвокатите почива на она што тие постојано го повторуваат: „Ние никогаш не застапуваме криминалци. Нашите клиенти, за нас, секогаш се невини лица. Се разбира, доколку судот не го каже спротивното!“
Jasno kako den i da ne izigruvat naivnost i zacudenost zosto niv gi barale klientite poveke, bidejki imat dobri vrski so sudiite pa delat napola.
Од: Aco Kalanoski
Датум: 29.09.2008 10:44:18
Tekstot e dobar. Zagatnuva mnogu atraktivna tema. Sekoja cest za iminjata koi se konsultirani vo tekstot.
No , novinarot bi trebalo sega da postavi i edna druga teza.
Na primer. Kolkav e stepenot na involviranost na advokatite vo lanecot na korupcijata.
Isto taka i drug naslov ili teza. Dali pri izborot na advokati strankata se vodi od profesionalnosta i cenata (a taa treba da bide ista soglasno tarifniot pravilnik) ili i od faktot sto nekoj advokat e pouspeshen vo vetuvanjeto podobar ishod zatoa shto slushnal deka ima podobri relacii so sudii it.n.
Interesna tema se i advokatite koi se ofajdija od tranzicioniot proces (mislam na privatizacijata). Tuka e potrebno debelo istrazuvanje koe ke dovede do frapantni podatoci , mozebi i zaklucoci, no teshko i do presudi, razbira se...
Од: Aleksandra
Датум: 29.09.2008 10:46:11
Vuik e poznat, no ima li dobieno nekoj slucaj? Ste gi zaboravile Svetlana Savic, a i Jovan Trpenovski. Sekako, pozdrav sto pisuvate ba ivaa tema
Од: m.r.
Датум: 29.09.2008 15:42:29
Dobra tema!!! Neka prodolzi temava neka opfati i druga sfera! A ima i drugi dobri Advokati...
Од: s.m.
Датум: 29.09.2008 17:26:30
Tekstot provocira vo sekoj pogled.Novinarot sem ubavata "reklamna strategija" ne navleguva podlaboko vo temata.Ako "svetot ostanuva na mladite",kaj se vo statijata mladite i uspešni,profesionalno orientirani krivičari,kako Medarski Filip,snaata na Stevan Pavleski,advokati so drug stručen priod.
Од: Правнасила
Датум: 30.09.2008 16:24:27
Одлична тема и текст.
Љубиша е познат експерт за судството.
Текстот повеќе кажува меќу редовите.
Колеги читатели, обидите за рекламирање се слабички.
Споменатите петмина адвокати се избор на новинарот.
Но нека каже некој дека Коцарев и Поленак не вложиле огромен труд и професионалност.
Таквите личности во секоја професија се ретки.
Затоа луѓето им веруваат и ги бараат, навистина се работи за суров пазар.
Некои од другите споменати се право на избор на новинарот и читателите. Некои биле возени од клиентите во багажниците на автомобилите, погодете зошто.
Темата треба да се развие.