Брoj 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Штипски „Исар“ ќе го враќа долгот за струја со продавање имот

Од 29 милиони денари колку што е основниот долг, комуналците вратија само четири милиони денари

Иван Бојаџиски


ШТИП - Јавното претпријатие „Исар“ од Штип не успеа да го испочитува договорот со ЕВН-ЕСМ за намирување на долгот од 29 милиони денари за потрошена струја. Успеа да врати само четири милиони. Очекувањата на ЈП дека Министерството за финансии ќе помогне со краткорочен заем од 25 милиони денари никако да се реализира. Затоа штипските комуналци веќе бараат други решенија за симнување на проблемот. Едно од нив е со продавање на сопствениот имот да го вратат долгот за струја и со тоа да ја спречат новата блокада на сметката најавена веќе за почетокот на октомври.

„Со ЕВН-ЕСМ потпишавме договор за исплата на долгот кон крајот на август годинава. Но, се' што успеавме беше да вратиме четири милиони денари и долгот да го намалиме на 25 милиони денари. Помош очекувавме од Министерството за финансии, кое требаше да ни даде краткорочен заем од 25 милиони денари за чие враќање гарант е градот. Иако имавме цврсти гаранции дека заемот ќе ни биде даден, не се случи тоа. Во последно време со надлежните од ова министерство не можеме ниту да воспоставиме контакт, а на нашите телефонски јавувања никој оттаму не одговара“, вели Симо Донев, директор на јавното претпријатие.

Донев признава дека „Исар“ испаднал несериозен во однос на обврските спрема ЕВН-ЕСМ. Но, укажува дека тоа се случило поради инертноста на Министерството за финансии кон овој клучен проблем на „Исар“, кој наедно е и најголем проблем на градот.

Излезот од оваа ситуација сега се бара во рамките на градот и штипското јавно претпријатие. Имено, „Исар“ има имот кој лесно може да се продаде за сума која е сосема доволна да се намири основниот долг спрема ЕВН-ЕСМ. Станува збор за објект чија локација е на градскиот пазар и за чие купување има повеќемина заинтересирани, како и продавница во најатрактивниот трговски дел во централното градско подрачје. За таквата солуција согласност има и од Управниот одбор, но се чека на одлуката на Советот на Општина Штип.

Втора можност е „Исар“ да добие заем од сметката на месниот самопридонес на која има околу еден милион евра, средства кои стојат неискористени подолго од 11 години. Трајчо Спасов, градоначалник во чие време се реализира самопридонесот, тврди дека е сосема законито а��о со тие пари му се помогне на јавното претпријатие, бидејќи тие биле наменети за изградба на брана на Баргала и за решавање на прашањата од областа на водоснабдувањето.

„’Исар‘ не смее да се измачува во услови кога градот има и повеќе од доволно пари. Тие пари ќе се употребат за едно од најважните прашања на Штип - водоснабдувањето“, вели Спасов.

„Исар“ кон ЕВН-ЕСМ има долг и на име камата кој е за двапати поголема од основниот долг и изнесува 55 милиони денари, но договорено е тој долг да се исплаќа на повеќе рати.

„Нашите вкупни долгови изнесуваат 80 милиони денари, но побаруваме над 120 милиони денари. Со цел да ги присобереме парите, презедовме повеќе мерки од опомени до исклучувања од системот. Во таа работа многу ни помогна и Основниот суд, кој ги ажурира сите судски решенија. Сепак, граѓаните во најголем дел не ја сфатија сериозноста на ситуацијата, што го намалува ефектот од сите наши заложби за решавање на нашиот најголем проблем“, вели директорот Донев.


Статијата е прочитана 247 пати.

Испрати коментар

Од: Mile
Датум: 29.09.2008 10:43:12
Тоа ќе биди-пола пие пола шарцу дае.
Од: stipjanec
Датум: 29.09.2008 12:05:31
Ne e problemot vo graganite,problemot e vo uo i direktorot.Zosto?Zatoa sto koga "NEKOJ"im velese da se prodadat dukanite togas koga trebase uo terase politika,sega dukanite gi izede kamatata i pak nisto!Zatoa sto direktorot i negovata druzina ne se otkazuvat od beneviciite kako sto se Komulijada ,Sofri i patuvanja vo stanstvo (London) zaedno so "TURISTOT" Pande Sarev vo "slobodnoto vreme " gradonacalnik.Smetketa na Isar blokirana a toj si zamina ovoj pat za Danska.Selo gori baba se cesla !

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Како адвокатите станаа познати лица
Ќе ја спаси ли МРТ од стечај новиот директор
Снег
Прилепските стечајци бараат да се врати условот за стаж
Грција во Стразбур бара да бидеме нарекувани Славомакедонци
„Новофест“ ги зближи Ново Село и грчкиот Муриес