Падна првиот снег на Кожуф
Неколку часа на Зелен брег и на Момина чука на Скијачкиот центар„ Кожуф“ во саботата во попладневните часови и вчера претпладне паѓаше снег. Ова е првиот снег годинава, иако се' уште е септември. Температурата на патеките за скијање во утринските часови се спушти до минус3 степени, а во населбата на скијачкиот центар околу нулата. (А.Д.) |