„Новофест“ ги зближи Ново Село и грчкиот Муриес
Струмица - На Колешинскиот водопад во Општина Ново Село викендов се одржа првиот фестивал на македонска храна, вино и фолклор - „Новофест“. Организатор на фестивалот е Општина Ново Село, а се одржа во рамките на програмата на ЕУ за прекугранична соработка на нашата општина и грчката општина Муриес.
На бината подигната под водопадот продефилираа културно-уметнички друштва од сите четири општини во регионот:Струмица, Ново Село, Босилово и Василево. На масите околу водопадот гостите се служеа со традиционални македонски специјалитети и се пиеја вино и ракија.
„Многу ми се допаѓа тука, бидејќи ме потсетува на нашето место од другата страна. Ни сме соседи и многу сме слични. Ќе продолжиме да соработуваме и понатаму“, изјави Анастасија Панделиу, претставник на општина Муриес.
Градоначалникот на Ново Село, Никола Андонов, е задоволен од досегашната соработка и најавува дека таа ќе продолжи.
„Не се заморуваме многу со централната политика. За нас е важен интересот на граѓаните. Притоа, не е важно дали тие се од едната или од другата страна на планината Беласица“, изјави Андонов. . (Е.П.) |