Број 2799  понеделник, 29 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Политика

Ќе ја спаси ли МРТ од стечај новиот директор

Систематизацијата и трансферите во други медиуми го празнат јавниот сервис

Александар Пешев


Состојбата во Македонската радио-телевизија не заздравува. Вработените и понатаму ги чекаат заостанатите плати и надоместоци за плата и придонеси и секој ден се соочени со стравот од губење на своите работни места, поради стечај и евентуална ликвидација на јавниот сервис. Ваквата можност неодамна беше вметната во Законот за радиодифузна дејност во време кога стариот менаџмент на јавниот сервис спроведуваше систематизација.

Ќе ја спаси ли состојбата новиот прв човек на јавниот сервис? По речиси еден месец без извршен директор, на чело на јавниот сервис застана Ефтим Гаштов. Тој ја презема функцијата на извршен директор на јавното претпријатие откако извесно време беше ангажиран за извршен продуцент на Првиот програмски сервис. Инаку, Гаштов ја започна својата медиумска кариера стартувајќи сопствена телевизиска продукција. Во јавноста беше познат како водител на забавни емисии, меѓу кои и квизот „Суперишка“. Скромната наплата на радиодифузната такса, незадоволството на вработените, и големите долгови на јавниот сервис се нерешени проблеми со кои ќе се соочува поранешниот продуцент, сега нов директор на Македонската радио-телевизија, доколку јавниот сервис не се ликвидира.

Последната плата што ја добија вработените е од мај, а надоместоците за јуни. Дел од вработените кои се на боледување, исто така се соочуваат со проблеми. Ако на вработените последно им била исплатена плата за мај, оние кои се заминати на боледување се' уште немаат земено надоместоци за април.

Паниката меѓу вработените првично се создаде со почетокот на систематизацијата, со која беше предвидено 329 вработени да ги напуштат работните места.

Се' на се', од почетокот на систематизацијата, па до оставката на извршните директори, од МРТ без работа останаа повеќе од 300 вработени, од кои дел се прогласуваа за технолошки вишок дури и за време на штрајк. Поранешниот менаџмент планираше 329 вработени да си заминат од националниот сервис, а по систематизацијата да останат 721 вработен. За оние кои по систематизацијата останаа без работа беше предвидено да добиваат ��спратнина до пензионирање, но и таа доцни.

МРТ се испразни и поради тоа што многу новинари заминаа во новоотворените приватни телевизии, вклучувајќи ги и сателитските.

„Неизвесноста траеше со години и тоа ме натера да си заминам. Плата немавме земено од мај, а веќе изгубивме ориентација околу тоа колку од придонесите ни беа исплатени, а колку не“, објаснува поранешна вработена во јавниот сервис.

Покрај проблемот со платите, вработените се плашат дека можеби ќе останат на улица поради ликвидација на јавниот сервис. Ваквата можност се отвори со последните измени во Законот за радиодифузија, кои се изгласаа во Собранието пред речиси два месеца. Оттогаш, Владата одбива да даде подетаљни информации за иднината на јавниот сервис и топката ја префрла кај министерот за транспорт и врски. Од Министерството за транспорт и врски, пак, тврдат дека не се надлежни за МРТ.

„ Министерството за транспорт и врски не може да даде одговор дали ќе се спроведе стечај или ликвидација на МРТ, бидејќи не е надлежен орган за предлагање и донесување вакви одлуки. Со Законот за радиодифузна дејност утврдени се органите на МРТ, а тоа се Советот на МРТ, Управниот одбор на МРТ и работоводен орган“, се наведува во писмениот одговор од Министерството до „Утрински весник“.

Неофицијално, надлежните планираат ликвидирање на јавниот сервис и отворање ново јавно претпријатие кое би се викало „Радио-телевизија на Македонија“. Сето ова, според неофицијални информации, е дел од т.н. „француски модел“ кој би се користел за спас на јавниот сервис.

Непосредно по измените во Законот за радиодифузна дејност, МРТ остана и без директори. По оставката на второизбраниот извршен директор на Македонската радио-телевизија Маја Мишковска, првоизбраниот директор на јавниот сервис, Јанез Сајовиц, ја напушти функцијата, обвинувајќи ја Мишковска и другите членови на раководството за коруптивно работење. „Ве сметам за директно виновни за актуелната состојба во која се наоѓа МРТ. Навремено донесените акти и Санационата програма на МРТ, поради одлагањата и негирањата, останаа само точки на дневните редови на вашите, главно, јалови заседанија“, изјави Сајовиц во образложението за раскинување на менаџерскиот договор.

 


Статијата е прочитана 809 пати.

Испрати коментар

Од: Никола
Датум: 29.09.2008 01:23:12
Со оглед на тоа што Собранието (колку што ми е познато) е основач на МРТ, во него треба да се отвори салам дебата со конструктивни предлози за спасување на националната куќа, не да се носат закони без ниту еден збор од било кој пратени. Собранието е вистинското место за овој проблем, таму треба да се создаде план од најдобрите предлози и да се реши проблемот. Не ми е јасно што уште луѓето чекаат.
Од: Tancho, bitolchanec od Toronto, Kanada.
Датум: 29.09.2008 07:11:20
Kako dolgogodishen i mnogu zagrizen korisnik na blagorodnata rabota na mnogu generacii vraboteni vo naikvalitetnata informativna kukja na site vreminja vo nashata zemja, MRT, ne se slozuvam so nikakov stechaj nitu pak ne daj boze so likvidacija na istata. Istorijata kazuva deka nitu edna legenda ne umira, pa da se nadevame deka i zivata legenda narechena MRT, nema da zgasne.
Од: Битола
Датум: 29.09.2008 10:41:10
Да се спаси МТВ требаат пари,за да има пари треба народот да плаќа,за народот да плаќа новинарите како Томиќ и компани треба да се избркаат и да има добра понуда на програми,а дотогаш ништо од бизнисот.
Од: dragi
Датум: 29.09.2008 12:51:45
treba pod itno da se zatvori ova gromorozna dupka na nerabotnici koi sakat bez rabota da primat plata ,ako se svesni ne treba nikade da gledat treba samo da gi poglednat drugite televizi koi gi pomina vo svetlosni godini.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Како адвокатите станаа познати лица
Штипски „Исар“ ќе го враќа долгот за струја со продавање имот
Снег
Прилепските стечајци бараат да се врати условот за стаж
Грција во Стразбур бара да бидеме нарекувани Славомакедонци
„Новофест“ ги зближи Ново Село и грчкиот Муриес