Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Македонија

Протестите на фармерите добиваат политичка димензија

Кооперантите на „Сведмилк“ само со поддршка од пратениците и советниците на СДСМ

БИТОЛА - Добиваат ли протестите на фармерите политичка димензија? Вчера пред битолската Општина каде што кооперантите на „Сведмилк“ сакаа да го изразат незадоволството од поднесените прекршочни пријави на МВР за минатогодишниот упад во кабинетот на градоначалникот, дојдоа само пратениците и советниците од СДСМ. Фармерите го избрале за правен застапник поранешниот пратеник на СДСМ од Скопје, Борис Кондарко. Меѓутоа, рочиштето закажано за вчера во Основниот суд во Битола, поради неприсуството на сите обвинети фармери се одложи и се презакажа за 26 февруари.

„Никогаш не побаравме да бидеме политички застапени. Сега за овој случај ги повикавме совесните пратеници од сите политички партии за да дојдат, да не' поддржат пред судот и да видат дека народот страда. Ние не сме тука од бес или од луксуз“, нагласи Душко Илиевски, фармер од Битола и водач на протестите.

Иако вчера беше најавено дека на фармерите ќе им се придружат и кооперантите на „Сведмилк“ од други градови, во Битола едвај се собраа триесетина. Илиевски обвини дека ноќта полицијата поминала низ неколку пелагониски и потпелистерски села каде што живеат фармерите и ги убедувала, па дури и ги заплашувала да не одат на протест. Пред општината и судот вчера имаше засилено полициско присуство.

За неовластено присуство во општинската зграда прекршочно се пријавени само 26 сточари од речиси илјада, кои лани на 3 март упаднаа во кабинетот на градоначалникот Владимир Талески. Меѓу обвинетите има и таков што воопшто не присуствувал на настанот.

„Јас не бев на тој протест иако сум кооперант на ‘Сведмилк‘. Кога ја добив поканата за суд, се изненадив. Велат дека имало снимен материјал, а се чудам како е можно тоа кога јас бев дома“, револтирано рече Трајан Георѓиевски, фармер од селото Канино.

Правниот застапник на сточарите, Кондарко, смета дека прекршочните пријави на МВР се неосновани и побара судот да суди непристрасно, без притисоци од власта. „Фармерите само ги бараат парите. Неправедно се обвинети. Се сомневаме дека се дадени пред судија за прекршоци поради притисок на власта. А се сомневаме дека власта е способна да врши и притисоци врз судот. Ако навистина има притисоци за конструирани судски процеси врз овие недолжни граѓани, бараме да се повлечат и да застанат во одбрана на правото и правдата“, повика адвокатот на фармерите, Кондарко. Според него, за делото за кое се товарат, сточарите можат да бидат казнети со 600 до 800 евра. Тие најавија дека ќе платат со затвор.

„Градоначалникот тогаш не' пречека со насмевка и на сите ни порача сендвичи. МВР не' тужи. Ако сега беа избори, немаше да биде така“, рече фармерот од Могила, Гоце Кантаровски.

Сточарите тврдат дека пропаѓањето на „Сведмилк“ ги опустоши пелагониските села. Над 70 проценти од сточниот фонд е продаден или отиде на кланица. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 559 пати.

Испрати коментар

Од: PAVLE ALIMASKA,Prilep
Датум: 23.01.2010 00:21:32
СДСМ 1997 година го украде ТАТ и ги изгуби изборите 1998 година.Но СДСМ не се правдаше и на никој не му се закануваше,дојде ВМРО ДПМНЕ 1998 и Македонија процвета,покрај другите лудории на ЉУБЧО 2001 ја ИЗГУБИВМЕ државата.Дојде СДСМ и не сработи ништо ,ама и никој не беше со ништо загрозен,заплашен.На голема врата 2006 дојде ГРУЕВСКИ,го потврди тоа 2008 ,ШТО ДОБИ ОВОЈ ЈАДЕН народ.ФАРМЕРИТЕ СЕ ОПЉАЧКАНИ,народот е одран и соголен со даноци и казни,не смее да се буни ,да штрајкува,невидена тортура и диктатура се применува по теркот на ТУЃМАН.Нема политички димензии протестот на фармерите,туку треба да му се честита на КОНДАРКО чшто е храбар и што застана да ги застапува овие мачни души.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.01.2010 10:51:30
Како прво незнаев дека г-дин Кондарко е млекопроизводител и тука Павле е во право,нема апсолутно политичка димензија протестот.Подршката за упадот и случувањата во кабинетот на градоначалникот подсеќаат на оној кога се одземаше имунитетот на експремиерот и однесувањето на екипата во која забележителна улога имаше и г-дин Кондарко.И тука мислам дека истиот со своето богато искуство многу ќе им помогне на фармерите.
Од: забеган.
Датум: 23.01.2010 11:15:26
Па што очекувавте дане дојде ГВУЈО??????.Тој на времето си беше таму се нашлока ЈОГУРТ Ги обелеа во очите на млекарите,ги натепа Па што бара сега?.

Најди! во Утрински
Македонија
Проблемите со кабелските оператори како латиносапуница
Јаболката ќе го загадат Преспанско Езеро
Велешани не ја сакаат Топилницата
Државни уцени за приватна сопственост
Како да се заштити Охридско Езеро
Агрон Река избран за ректор на ДУТ