Проблемите со кабелските оператори како латиносапуница
Сите креваат раменици за поплаките на граѓаните по промените во преводите на странските канали
Миркица Поповиќ
За 450 денари може само да си поиграте со вашиот далечински управувач. Барем додека светските телевизиски куќи, чии канали се реемитуваат преку нашите провајдери на јавни комуникациски мрежи, не одлучат дека им е во интерес да обезбедат преводи на македонски, како што го имаат тоа направено кај нашите соседи во Србија, Хрватска и во Бугарија, на пример.
Во државава веќе има компании што работат за странските телевизиски канали и обезбедуваат преводи за одредени програми на некои од каналите како што се „Дискавери“ (Discovery) и „Фокс“ (Fox). Сепак, ова е се' уште во почетна, тест-фаза што предизвикува конфузија и нервоза меѓу граѓаните. Генералното мислење е дека овие провајдери не ги почитуваат потрошувачките права, прават промени без да им најават на каков било начин на граѓаните за нив. Наместо информации и забава, телевизијата им нуди на гледачите само агонија во продолженија, како латиноамериканските сапуници.
Реакциите се жестоки и од двете страни. Граѓаните се огорчени и велат дека грижата за корисници е нула и оти нивните 450 денари се фрлени во празно. Претплатниците се жалат дека од нив се бара да продолжат навремено да ја плаќаат истата цена додека кабелските постојано прават промени, како во текот на годината да исклучат некои од омилените телевизиски канали на претплатниците. Кабелските оператори се револтирани дека Советот за радиодифузија постојано се меша во нивната работа. Нивен став за целата ситуација е дека речиси десет години континуирано има битка за тоа какви титли и каков превод ќе има за програмските содржини.
„Кабелските оператори не можат да ги убедат светските канали да направат превод на македонски. Законот бара превод на македонски, но титлите ќе дојдат кога каналите ќе ги обезбедат, односно кога тие ќе имаат интерес за превод на содржините на македонски. Кога ќе има титли, веднаш ќе ги вклучиме“, ни рече Зоран Илиев, директор на „Телекабел“. Од „Кејблтел“ велат дека иако задоволувањето на потребите на корисниците им е на прво место, сепак, темата со титлите на македонс��и е во раце на самите канали што ги реемитуваат. Кај нив постои и доза загриженост дека каналите може да побараат и повисока цена за лиценцата поради преводите што ќе треба да ги обезбедат.
Во меѓувреме, претплатниците се најоштетени. Ниту кабелските ниту СРД не преземаат некаква одговорност претплатниците да го добијат тоа што го сакаат. „Ако цената што ја плаќам за кабелска е за да ги гледам само домашните програми, тогаш подобро да си се вратам само на старата антена“, вели еден наш сограѓанин. „Сметката се очекува да ја платиме навреме секој месец, а кога очекуваме да го вклучиме телевизорот и да уживаме во услугата за која плаќаме, налетуваме на изменета програма“, се жалат голем број граѓани.
Она што е зачудувачки во целата ситуација е фактот дека провајдерите како да не ги сфаќаат поплаките на граѓаните како знак на криза за компанијата и никој не излегува со известување со цел да ги смири. Незадоволството со години ескалира, почнувајќи со прекините на програмите што доведоа потоа до целосно исклучување на омилените канали, како што се хрватските ХТВ 2 и ТВ Нова, повремените прекини и проблеми со Интернет-врската и сега оневозможувањето на дел од публиката да ги следи програмите, бидејќи нема превод.
Ни Советот за радиодифузија не е без грешка. Со години веќе во другите градови се провлекуваат кабелски оператори што нудат програми за кои немаат обезбедено авторски права за нашата држава, а поради кои поголемите оператори постојано се опоменуваат и од нив се бара веднаш да се исклучат. Советот само повторува дека е прашање на време и дека оние што не го почитуваат законот ќе добијат кривични пријави.
Ma kakvi titlovi, tie sto ne razbiraat angliski dzabe kje im preveduvas, tie kulturoloski nemozat da gi razberat prevedenite programi. Kablovskite operatori treba da imaat 2 paketa programi: 1. za balkanci (Pink, RTS itd) i 2. za evropjani (normalni stranski kanali), pa sekoj neka si zeme sto mu odgovara.
Од: Кој кого лаже?
Датум: 23.01.2010 08:38:24
Не е точно дека странците не се заинтересирани за превод на македоснки, еве јас на пр. имам и Max TV и кабелска, додека на кабелска нема преводи на македонски, на другата има македонски преводи на голем број канали, посебно на филмските. Како можо е за едните да има превод, а за другите да нема? Да не е работата како кабелските ги преземаат тие канали? Мислам ако си платат се, како што треба, ке имаат превод, ама лесно им се земаат туѓи пари, но не им се даваат...
Од: Nepreveden
Датум: 23.01.2010 09:36:51
golema budalaština beše zabrana na emituvanje na emisii prevedeni na srpsko-hrvatski jazikč pa nie sme mal pazar da se isplati nekomu da prevoduva.. baška EU veke pobara od Srbija, BiH, Crna Gora da se koristi vo komunikacija so EU državniot jazik na SFRJ
stariot služben jazik na SFRJ zaradi štedenje
Од: Корисник
Датум: 23.01.2010 10:13:42
Државата треба да поведе сметка за кабелските оператори за нивната злоупотреба и особено за немањето на преводи на македонски јазик. Безобразноста нема крај. Тие склучија оговори со корисниците за 350 денари (договори во писмена форма) а самоиницијативно и без никој да прашаат цената ја покачија на 450 денари (без договори). Срамота за бесчувствителните ператори плјачкаши но и за државните институции на замижувањето на злоупотребата и пљачкосувањето на народт. Срамота.
Од: Komentator
Датум: 23.01.2010 10:35:56
e sega sosema nisto ne mi e jasno...Cel mesec mojot kabelski operator manipulira so mene ..i pokraj toa sto sum redoven plakac...Od druga strana se postavuva prasanjeto ..kako mozeme sega da gi gledame programite na angliski a ne e dozvoleno da gledame hrvatcka srpska slovenacka i taka nataka bez prevod..Eve sega mojot operator si dozvoli da ja ukine B.92 ajde sega so koe obrazlozenie...i zosto jas moram da bidam "poslusnik" na nekoja si radiodifuzija da mi diktira sto jas da gledam.. Od kade si zema pravo Kanal 5 da gi natera nadleznite da ja ukinat HTV2 i Nova ,,zosto tie imale "koncesija na Formula !.. Bezobrazluk...pa jas ic ne ja gledam Formula ..toa e za mene gladijatorska farsa..kade lugeto so "pamet" zongliraat so smrt...za da gi zadovolat mazohistickite instikti na publikata..i do kade kaj ke bide granica...!! Kako i da e mojot operator ovoj mesec ke ostane kus za mojata predplata...ne plakam za "NISTO" a sovet na potrosuvacite ima ovdeka dobar matrijal
Од: vvv
Датум: 23.01.2010 13:07:49
Site ovie zavrzlami nastanaa zatoa sto narodot se polaza da koristi i internet i kablovska od ist operator, se razbora za poeftino.Toa e normalno vo ova vreme sekoj gleda da zastedi nekoj denar, ama ete sto se slucuva.Jas sum so posebni Internet i kablovski operator.Zatoa i ne sum mnogu zasegnata- neka mi ja isklucat kabelskata, ke si gledam na Internet.
Vo site nivni dogovori postojat zastitni klauzuli za niv, ne i za graganite. Tesko e duri i dogovorot da se raskine.
Од: девичанецот
Датум: 23.01.2010 14:53:47
Ако титлувањето им го остават на емитувачот на каналот, подобро и да нема титлување на македонски. Ќе бидат тоа смешки во боја.
А што пречи да имаме канали на повеќе странски јазици...Ќе ги научиме барем да ги разбираме нив.
Па нема да останеме тутуле балиња, како на пример во франкофонскиот дел на Белгија,каде освен француски, ретко кој зборува на друг јазик.
Од: Редовно манипулирани граѓани
Датум: 23.01.2010 17:46:33
Не ми е јасно што уште чекаат ,
1/-Радиодифузното здружение на Македонија, и
2/- Здружението на потрошувачите .
Месец Јануари-2010 истекува господата од Кабелските телевизии и понатаму продолжуваат да раскажуваат прикаски наместо да си ја исполнат својата задача за која земаат претплата од народто, а Македонскиот ТВ-гледач и понатаму останува ОВЦА, ЖРТВА и
успешно МАНИПУЛИРАН за свои пари.
Едноставно СРАМОТА, СРАМОТА, СРАМОТА ......
Се прашувам до кога ќе продолжи оваа фарса,
а нашите надлежни институции до кога ќе спијат
во хиберниран сон (оној во кој спие мечката).
Кој може да одговори на ова прашање ......!?!?