Број 3190  сабота, 23 јануари 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин
Стил

Site Meter
Македонија

Јаболката ќе го загадат Преспанско Езеро

Откупени само десет проценти од 80.000 тони јаболка

БИТОЛА - Овоштарите, незадоволни од откупот на јаболката, се заканија дека ќе ги фрлат во Преспанско Езеро. Гајби со преспански јаболка веќе заврши во каналите покрај магистралниот пат Битола – Ресен. Земјоделците два дена протестираат блокирајќи ја раскрсницата Макзи и најавија дека ќе го прават тоа се' до прифаќање на нивните барања.

„Ако откупот на јаболка продолжи со истата динамика, се плашам дека на Ресен и на Преспанско Езеро ќе им се случи еколошка катастрофа. Ќе нема кај да ги истураме јаболката. Ќе треба по патишта, а истото тоа ќе се случи и со езерото, ќе се загади. Затоа, Владата треба да донесе итни мерки за спас на Преспанско Езеро, а не да одбегнува решение за проблемите“, предупредија преспанските овоштари.

Земјоделците се пожалија дека Владата останала глува за нивниот проблем и од првиот протест на 6 јануари досега не ги удостоила со ниту еден одговор на поставените барања. Тие бараат повисока откупна цена на јаболкото и поорганизиран пласман, како и интервентен откуп на 20 илјади тони јаболка по пазарни цени, бидејќи, како што велат, прва класа јаболка се продава за осум-девет денари за килограм. Што е уште полошо, откупени се само десет проценти од богатиот род јаболка што изнесува 80 илјади тони. Меѓу барањата е и тоа Владата да преговара со Албанија, Русија и со Украина преспанското јаболко да стане дел од листата за размена.

„Оваа Влада нема слух за овоштарите и ја повикуваме да излезе во пресрет на барањата. Ако може да гради споменици, би требало да издвои некој денар и за јаболкото. Бараме четири денари субвенција за оние што произведуваат над 40 тони јаболка“, истакна Калчо Ноневски од преспанското село Волкодери.

Овоштарите се револтирани и на гласиштата од ресенскиот градоначалник дека нивните јаболка не можат да патуваат на странските пазари поради несоодветната амбалажа. „Не е проблемот до амбалажата, сортата на јаболкото или квалитетот. Ако се бара влакно во јајцето, ќе се најде . Тоа е само да се замачкаат очите. Главниот проблем е што државата не дава субвенции за производителите на јаболка“, велат овоштарите. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 591 пати.

Испрати коментар

Од: marija
Датум: 23.01.2010 09:59:51
Resenskiot gradonacalnik ima pravo koga veli deka makedonskite jabolka ne mozat da patuvaat vo stranstvo poradi nesoodvetna ambalaza. I pokraj nivniot visok kvalitet. Interesno e deka toa bese naglaseno uste vo 1978 godina koga se pravese plan za organiziranje na Balkanski pazar, so sediste vo Skopje,slicno na pariskiot Renzis (Rungis), no, po se izgleda deka toa ne im e sfatlivo na Makedoncite. Kakva propustena sansa za Makedonija sto ovoj projekt ne se realizira!
Од: OD ORCE MAKEDONSKI
Датум: 23.01.2010 10:29:58
Ovoj problem moze mnogu brzo da se resi,samo sto vladata ili koja bilo druga organizacija e zadolzena za ovie problemi i prasanja ,a toa moze ednostavno da go napravi preku kompenzcija so zemijte vo razvoj od Afrika ,so zamena za zemjodelskiot proizvod BANANITE koj gi ima vo golemo kolicerstvo na ovoj kontinent,a ne dostasuvaat JABOLKATA so golem kvalitet od RM ,pa i drugite proizvodi koj se karakteristicni za kontinetot od Severna Afrika -blisko do Mediterijanot so negovite poznati proizvodi JAFA i na ovoj naci ke se resi ovoj problem.POZZ ORCE MAKEDONSKI I VMRO-ZA SVETSKA GEOGRAFIJA NA MAKEDONIJA
Од: Komentator
Датум: 23.01.2010 10:53:09
Dragi moi prespanci...ako ne najubavo mesto za Evropa ..za mene e najubavo mesto na svetot prespanskiot kraj...a vie prespanci go zagadivte .so enormno prozvodstvo na jabolki do ezeroto uste odamna...20 godini letuvam vo Prespa i kako nekoj "mazohista" pak i se vrakam i pokraj prolivi krasti i taka nataka...!! Dali nekogas ke se osvestete dodeka uste imate voda vo ezeroto da se preorjentirate na druga ekonomija...!! Go unstuvate najubavoto gospod sto vi dal ..a gledate zaradi jabolkoto covekot e izbrkan od rajot ..zamislete se malku.. dodeka ne e docna....!!!
Од: забеган.
Датум: 23.01.2010 11:23:55
Што сте запнале?.Бладата си оди кај Тутунарите.Тргнала работата си имат побарувачка,Тука има лапачка.Што од вашите Јаболка правете Оцет бил здрав.Ќе ви треба да им турете во салата пред избори на ВМЛОВЦИТЕ.Јас забеган ама вам ви симнувам капа,Баравте добивте,гледајте.

Најди! во Утрински
Македонија
Протестите на фармерите добиваат политичка димензија
Проблемите со кабелските оператори како латиносапуница
Велешани не ја сакаат Топилницата
Државни уцени за приватна сопственост
Како да се заштити Охридско Езеро
Агрон Река избран за ректор на ДУТ