Агрон Река избран за ректор на ДУТ
ТЕТОВО - Сенатот на Државниот универзитет во Тетово со едногласна одлука за ректор со четиригодишен мандат го избра досегашниот вршител на должноста, Агрон Река. Со тоа се стави крај на неизвесноста околу кадровското прашање за првиот човек на тетовскиот државен универзитет.
Во оваа прилика, Агрон Река како приоритети ги истакна ефикасната примена на современите методи за интерактивна настава, привлекување талентирани средношколци, како и доизградба на објекти за нормално одвивање на наставата. Станува збор за двете згради за Правен и за Економски факултет во Тетово, оформување кампус на ДУТ во Тетово. (Г.Е.) |