Пријава за експретседателот на судот во Кавадарци
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешниот претседател на Основниот суд Кавадарци поради злоупотреба на службената должност. Како што соопшти МВР, судијата Ј.Д.(61) во периодот од 1997 година до март 2008 година во три наврати ја злоупотребил службената положба и овластувања.
Според пријавата, судијата во овој период противправно се стекнал со имотна корист, односно деловен простор и земјиште со површина од 1.680 квадратни метри, во вредност од речиси 24 милиони денари. Од најмувањето на деловниот простор во централното подрачје на Кавадарци, дополнително се стекнал со противправна имотна корист во висина од околу два милиона денари. (Ц.Х.) |