Цистерна со вино се запали кај Катланово, возачот се спаси
Цистерна полна со вино, вчера, еден часот по полноќ, се преврте на автопатот Велес-Скопје, околу 200 метри од тунелот кај Катланово. Возачот на камионот успеал навреме да се извлече од кабината на камионот, кој се запалил неколку часа подоцна. Причините за несреќата дополнително ќе се утврдуваат.
Според информациите од МВР, возачот на камионот Томислав Велковски (31) од Кавадарци, од автопатот излетал на земјена површина, па потоа се превртел на коловозот. Цистерната е сопственост на кавадаречката фирма „Хорсе транс“, а виното било наменето за српскиот пазар. МВР ја процени штетата на 600.000 денари, иако сопственикот тврди станува збор за штета од 80.000 евра. (С.Ќ.Н.) |