Презентација на резултати од археолошки истражувања
Во Музејот на Македонија на археолошка изложба која в недела ќе биде отворена во 12 часот, заводите и музеите од земјава ќе ги презентираат резултатите од археолошките истражувања реализирани во текот на 2008 година.
Ќе бидат изложени откриените материјали на локалитетите Скупи, Таор, Стоби, Стибера, Хераклеја, Плаошник, Енгелана, некрополите на Марвинци, Вардарски Рид, Цареви Кули, виничко Кале, Исарот - Штип, Баргала, кастелот кај Кожле и тетовско Кале. Изложбата е во организација на Владата, а ќе ја отвори премиерот Никола Груевски. (К.Б.) |