Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

„Тритонус“ добитник на наградата на „Темплум“ за дебитантски ракопис

Целта на оваа награда е да ги афирмира новите луѓе и новите тенденции во литературата, рече Гелевски

Невена Поповска

Жири-комисијата во состав Никола Гелевски, Искра Гешоска и Владимир Јанковски за најдобар дебитантски прозен ракопис ја одбра збирката раскази „Тритонус“ од авторот Климент Булоски, кој пишува под псевдонимот Дозгулпмус.

Образложувајќи ја одлуката, Никола Гелевски, меѓу другото, рече: „'Тритонус' е збирка раскази во која авторот, пред се', ни нуди иронична перспектива на светот што го опкружува. Станува збор за проза која е лудистички расприкажана, маниристички украсена, фантазмагорично обоена. Дозгулпмус е автор кој текстот го доживува како можност за игра. Играта се остварува на различни рамништа: преку пародија на актуелната стварност во која живееме, преку поигрување со некои типични македонски стереотипи, преку јазичните игри и зборовните пермутации. Кога станува збор за квалитетот, потенцираше Гелевски, слободно може да се каже дека кусите раскази во 'Тритонус' се најквалитетните моменти во книгата - во овие раскази авторот е прецизен, духовит, а неговата фантазија е свежа и креативна. Тоа не е карактеристично, на пример, за расказите кога авторот се обидува текстот да го обојува со лирски моменти - во овие ситуации текстот го кине прозното ткиво и изгледа премногу распливнет. Но, овие моменти во расказите се ретки и не го нарушуваат целиот впечаток кој останува по читањето на книгата“.

Наградената книга „Тритонус“ е оценета како смела, отворена збирка раскази, која со својот хумор и луцидност може да биде интересна за читателите во нашата земја.

Наградата се состои од плакета и паричен дел во износ од 1.500 евра, која „Темплум“ ја доделува во партнерство со Комерцијална банка АД.

„Објавувањето на оваа збирка раскази, како и на останатите раскази на досегашните добитници на наградата 'Новите', всушност, претставува поттик за авторите да го развиваат своето творештво и во следните трудови да постигнат поголеми книжевни резултати“, смета организаторот. Целта на оваа награда е да ги промовира и афирмира новите луѓе, новите тенденции во литературата, новите поетички начела, новиот пристап, новиот начин на организирање во сферата на литературата, новите обиди книжевноста да стане општествено повлијателна во секоја смисла: културно, пред се', но и економски и медиумски.

За Климент Булоски, лауреатот на годинешната награда, ова е голем поттик, бидејќи прв пат се појавува на македонската литературна сцена со раскази кои ги напишал во изминатата една и пол година и, како што вели, пресреќен е што неговото прво прозно остварување е наградено и објавено во „Темплум“, со одлично графичко решение, за кое вели дека ни самиот не би направил подобро.

На Климент Булоски, на вчерашната свеченост, чекот со паричниот дел од наградата му го врачи Јасмина Буцевска, претставник на Комерцијална банка.


Статијата е прочитана 144 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Собрани 148.000 денари од лицитација за ДСУ„Лазар Личеноски“
Презентација на резултати од археолошки истражувања
Дарко Башески е новиот директор на Филмски фонд
Доделени наградите на МЕСС за „Тапани во ноќта“
Никола Ристановски премиерно во „Дервишот и смртта“ во Белград