Број 2873  сабота, 27 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Култура

Доделени наградите на МЕСС за „Тапани во ноќта“

„Се чувствувам како цар на светот", режисерот на претставата, Мартин Кочоски

Ансамблот на прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“, во преполна сала пред својата верна публика завчера вечер официјално ги доби наградите за претставата "Тапани во ноќта" во режија на битолчанецот Мартин Кочоски.

Најдобра претстава во програмата на Средна Европа и најдобар млад режисер „Јарослав Корениќ“ за режисерот Кочоски, се наградите, односно лавровите венци кои проект-менаџерот на Интернационалниот фестивал МЕСС, Лејла Хасанбеговиќ, ги додели пренесувајќи ги честитките од жири комисијата. „Тапани во ноќта“ освои уште една награда - „клучалка за најдобра претстава“, што ја доделува сараевското списание „ТМАЧ-АРТ“, а чиј главен уредник е Суад Ѓулиќ.

"И овде, на матичната сцена на театарот, како и во Сараево, театарското доживување е огромно. Уште една потврда за несомнените квалитети на претставата која во голема светска конкуренција на фестивалот се закити со престижните награди“, рече Хасанбеговиќ. А, режисерот Кочовски со возбуда изјави: „Се чувствувам како 'цар на светот'. Најважниот професионален ден во животот ми беше уште кога ја одигравме претставата на МЕСС. Тогаш сфатив дека публиката реагира на некој магичен начин, за мене досега непознат. Ми стана јасно дека тоа било многу добро што заедно сме го направиле со екипата. Сватив дека ова има смисла, да се живее и да се работи со театарот“.

Наградената претстава е веќе поканета да учествува и на многу други интернационални фестивали. (М.Т.)


Статијата е прочитана 103 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Култура
Собрани 148.000 денари од лицитација за ДСУ„Лазар Личеноски“
Презентација на резултати од археолошки истражувања
Дарко Башески е новиот директор на Филмски фонд
Никола Ристановски премиерно во „Дервишот и смртта“ во Белград
„Тритонус“ добитник на наградата на „Темплум“ за дебитантски ракопис