Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Станарите се спасија од 300 евра глоба

Гордана Дувњак

Граѓаните, кои не успеаја во законскиот рок да ги регистрираат куќните совети, ќе се спасат од глобата од 300 евра, бидејќи Уставен суд вчера ги укина точките 1 и 2 од членот 126 од Законот за домување, донесен во 2009 и дополнет 2010 година. Судиите сметаат дека казнувањето од 300 евра предвидено за нерегистрирање заедница на сопственици, за неизбирање у��равник, како и за недонесување план за тековно одржување на зградите, е неуставно и не претставува прекршок.

Укинувањето е затоа што законодавецот веќе ја уредил оваа материја, при што определил сопственик-поединец да може да поднесе предлог до надлежен основен суд и судот во вонпарнична постапка да ги уреди тие работи. Во услови кога постојат решенија во Законот за непостапување, Уставниот суд утврди дека нема елементи на противправно однесување, односно не постои прекршок, поради што предвидувањето казна за непостоење прекршок не обезбедува владеење на правото. Подносител на оваа иницијатива е познатиот соборувач на закони, пензионерот Стамен Филипов.

Уставните судии вчера се произнесоа и околу двата спорни правилника за дисциплинско казнување и разрешување судии донесени од Судскиот совет. Практично, укината е секоја трета одредба, бидејќи е интервенирано во 11 члена од вкупно 29 на Правилникот за дисциплинска постапка, како и во 9 члена од 27 од Правилникот за разрешување судии. Уставните судии оцениле дека Судскиот совет излегол од своите надлежности и се ставил во функција на законодавна власт. Судскиот совет не смеел да собира докази за судиите, туку само да прибира податоци и да подготвува извештаи. Според Уставен суд, Судскиот совет немал право ниту да определува со какво мнозинство ќе се поведува или запира постапка против судиите.

Укинувањето на овие одредби важи за сите случаи што се во постапка или во иднина треба да бидат разгледувани, бидејќи по објавувањето на интервенцијата на Уставниот суд во „Службен весник“, се укинува основот за разрешување.

Никој не потврдува дали уставната одлука ќе се однесува и за случајот со двајцата скопски апелациони судии, Виолета Дума и Владо Џилвиџиев, бидејќи Судскиот совет веќе ги разреши, а предметот по жалба се наоѓа пред Врховниот суд.

Првиот човек на Врховниот суд, Јово Вангеловски, вчера во телефонски разговор ни изјави дека одлуката на Уставен суд ќе се почитува.

„Жалбената постапка е во тек и таа мора да се заврши во согласност со законските прописи.Општата седница ќе формира Жалбен совет,а седницата ќе се одржи на 21 овој месец.Досега, тој не беше формиран поради доцнењето на апелационите судови, кои треба да изберат свој претставник во Советот“, нагласи Вангеловски. Тој додаде дека не може да се впушта во дополнителни оцени, бидејќи тоа не би било сериозно, бидејќи се' уште не ја видел одлуката на Уставниот суд, а како член на Судскиот совет по функција, не смее да членува во Жалбениот совет. (Г.Д.)


#
Статијата е прочитана 1985 пати.

Испрати коментар

Од: miki
Датум: 16.09.2010 12:42:44
konecno nesto pametno da procitam od ovaa vlast sto e na vlasta....ne mi se veruva deka mislat na narodot...aj, sega neka si go sredat haosot i vo zakonot za otkupot na zemjisteto, i tamu im e drama, kako sto im e drama i teatar i so nasilna naplata na tv pretplata za makedonska tv !!! aaaaalllloooooo.....ova e pazarna ekonomija i toa sto ne gledame, ne koristime - ne plakame!!!
Од: jane
Датум: 16.09.2010 12:46:50
Celiot zakon e degenski. Vo Zakonot za sopstvenost i drugi stvarni prava e definiran soodnos na sopstvenicite vo site slucaevi. Neustaven e bideki graganite-sopstvenici na stanovi vo stanbeni zgradi ne se ravnopravni so 80%od sopstvenici na stanovi vo kuki i zatoa sto e pravo na sopstvenost ustavna kategorija vo koja nemoze da se mesa drzava, osobeno ne da kaznuva i sozdava kvazi firmi vo centralniot register. Se prasuvam kade se pravnici od site sorti,advokati, sudii, notari, profesori i akademici, ili ednostavno uzivaat vo svoite nezasluzeno dobieni diplomi i tituli.
Од: ЛАКИ
Датум: 16.09.2010 16:19:20
САМО БРАВО за Стамен Филипов!!! Каде сте ВИЕ со префикс:-м-р, д-р, проф., ректор, академик,...? Поздрав за Стамен.
Од: Goran
Датум: 16.09.2010 17:45:22
Stamen zasluzuvas spomenik na plostadot ,pogolem od onoj na Aleksandar Makedonski!
Од: ФЕЛИКС
Датум: 16.09.2010 18:05:00
Во законот има недоречености од повеќе вида.Таму нема објаснување што да се прави со сопственик кој станот го издал под кирија а никогаш не живеел во него,а е од друг град или пак е иселеник.Како ќе контактира к.совет со него за обврските кој произлегуваат од сопственоста.Или имаме станари кој воопшто ништо не ги интересира,што со нив визави обврските,недаваат ниту документ за сопствеништво,ниту контактираат.Дали другите станари ќе треба да ги преземат обврските.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не е се' во парите
ЕУ бара да ги спроведуваме законите
Данецот Петeр Соренсен наследник на Фуере
Најскапиот стан на светот
Сакаме и да живееме, а не само да преживуваме
Има ли кодоши во ДУИ?
Се бараат виновници, а нема херои
Фуере и' помага на Антикорупциска
Ќе замине ли Црвенковски од политиката по изборите?
Mazedonischen Jugend
Инвеститорите го повлекуваат капиталот
Карикатура
Груевски негира дека Грција ретерира
Комплетиранa „Нобеловци“
Стил