Број 3383  четврток, 16 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter

Инвеститорите го повлекуваат капиталот

Нови странски компании нема, а оние што работат
повлекле 300 илјади евра во јули

Соња Маџовска


Не само што не доаѓаат нови странски компании туку и оние што веќе работат во земјава полека го повлекуваат капиталот. Во јули годинава не влегла ниту една нова инвестиција ниту пак, странските компании што работат во земјава решиле да ја реинвестираат ��обивката или да го зголемат капиталот. Тие само си ги зголемиле долговите со нови кредити преку меѓусебни позајмувања со нивните мајки-фирми.

Ова го потврдуваат најновите податоци објавени на нивната веб-страница на Народна банка на Македонија. Според нив, во првите шест месеци од годинава влегле 116, 5 милиони евра, а само во јули има зголемување од 16,2 милиони евра, но не по основа на нови инвестиции, бидејќи таму има одлевање од 300 илјади евра. Просекот го креваат новите задолжувања на странските компании по основа на кредити, во висина од 22 милиона евра само во јули. Од вкупната сума, пак, инвестиции влезени во првото полугодие од годинава, на нов свеж странски капитал отпаѓаат само 73,2 милиона евра, а на кредити 71,1 милион евра. Инвестициите годинава се на уште пониско ниво од лани, која се смета за една од најлошите инвестициски години со реализирани 181 милион евра. Како што тргнало, годинава нема ни оваа бројка да се стигне. Во првите шест месеци од годинава нивото на инвестиции изнесува 116 милиони евра, а во истиот период минатата година влегле речиси 140 милиони евра.

Никој веќе не верува во тоа дека инвестициите кај и да е ќе дојдат, и дека од праќањето промотори по светот има некакво фајде. Кај нас, всушност, наместо странските инвестиции, се множат само промоторите. На постојните 23 треба да им се приклучат уште осум нови. Иако Владата упорно го турка овој проект, според потезите што ги презема во последно време, се гледа дека и таа самата да не верува дека инвеститорите ќе дојдат во наредните две години. Тоа го потврдува фактот што Владата неодамна го продолжи рокот на фирмите кои треба да ја изградат инфраструктурата во индустриските зони, до крајот на 2012 година. Ова значи дека новите зони што се градат нема да бидат подготвени да ги пречекаат евентуалните инвеститори.

И за разлика од Македонија, во регионот странските компании ги реализираат своите планови. Така, на при��ер, неодамна беше објавено дека италијанскиот автомобилски гигант „Фијат“ во фабриката во Крагуевац до 2012 година планира да инвестира речиси една милијарда евра. Српските весници пишуваа дека за нивната земја се заинтересирани и други звучни имиња, како што се „Армани“, „Панасоник“ и „Самсунг“. Во првите пет месеци од годинава нивото на инвестиции во оваа соседна земја изнесува 400 милиони евра, во Хрватска 434, во Црна Гора 164 милиони евра. Во земјава подолго време не се пишува ниту дали ќе се реализираат инвестициите за кои се потпишаа меморандуми, а за нови уште помалку.


#
Статијата е прочитана 2623 пати.

Испрати коментар

Од: marjan.pp
Датум: 16.09.2010 12:29:00
poveke pari se dadoa za promotori otkolku za investicii-cudno neli?
Од: b
Датум: 16.09.2010 12:38:12
И за ова, неможе никој да рече дека не е крив СДСМ и лицето БЦ, што во деведесетите години не превзеле ништо, за да инвеститорите во 2010 година не бегаат од Груевски. Богами има и нешто друго. Крива е и владата на Цветковиќ-Мачек. Исто не направила ништо за да Грујо денес владее како сака и умее!
Од: slartibartfast
Датум: 16.09.2010 14:09:33
A be i jas apliciram za imigrantska viza vo stranska zemja. Koj normalen saka da zivee ovde i da gi trpi ovie idiotstini na Grujo.
Од: jovan
Датум: 16.09.2010 14:15:52
Dobro Utro!!! Pa investitorite se povlekuvaat od ovde eve veke vtora godina po red, samo sto veke i oni nema na kogo da mu go prodadat toa sto go investirale, pa zatoa cenite pagaat, a pogotovo na akciite.Vo vakva situacija/kriza profitiraat samo bankite, pa zatoa vo svetot bankite gi tresat i reformiraat skoro sekade, osven ovde,kade sto se uste se stitat,pa duri i piljarski i mafijaski banki se stitat kako beli mecki.Do koga? Dodeka ne kolabrira celo stopanstvo i drzavata?Ili kako i po obicaj kasno ke svatime sto treba da se pravi.
Од: borce
Датум: 16.09.2010 15:34:41
Kako da doagaat stranski investicii kog na sekoj cekor gi ceka nekoj na koj treba da mu se napolni gebot .NA zapad prvo ne go interesira nikogo od koja partija si aku sakach da otvorich biznis.Drugo se se znae ima red treba da napravich toa i toa i doaga inspektor si e vrchi rabotata i aku e vo red ti dava potvrda i aj so zdravje ni mito ni nichto.A dodeka kaj nas ne e takov slucajot i se dodeka e taka nema investicii.

Најди! во Утрински
Насловна
Тиквешански
Не е се' во парите
ЕУ бара да ги спроведуваме законите
Данецот Петeр Соренсен наследник на Фуере
Најскапиот стан на светот
Сакаме и да живееме, а не само да преживуваме
Има ли кодоши во ДУИ?
Се бараат виновници, а нема херои
Фуере и' помага на Антикорупциска
Ќе замине ли Црвенковски од политиката по изборите?
Mazedonischen Jugend
Станарите се спасија од 300 евра глоба
Карикатура
Груевски негира дека Грција ретерира
Комплетиранa „Нобеловци“
Стил