Tрибината за црква на плоштадот се претвори во политичка пресметка
Меѓу присутните очигледно имаше активисти на подмладоците на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ
Деспина Трајковска
Пазарски довикувања, нецивилизирана комуникација, навреди и препукувања, се само дел од впечатоците кои вчера можеа да се добијат на јавната трибина „Парцела Б-5 - популизмот во служба на кичот“, која ја организираше „ПМС - прогресивен млад синдикат“ со цел да се предупреди јавноста, како што беше напоменато, за популистичките и непромислени потези што ги прави Владата преку проектот за изградба на црква на централниот плоштад „Македонија“.
„Плоштадот е јавен простор кој му припаѓа еднакво на секој граѓанин. Тоа не е простор во кој поединци имаат право да ги реализираат своите мегаломански апетити и популистички идеи и тоа со парите од граѓаните“, истакнаа организаторите на отворањето на трибината. Но, наместо да се изведе заклучок и одреден став од неа, трибината се претвори во жестока дебата помеѓу дел од присутните меѓу кои очигледно имаше активисти на подмладоците на владејачката партија и на опозицијата, кои беа дел од публиката.
Организаторите не можеа да ја стават под контрола зовриената атмосфера во која градоначалникот Трифун Костовски најмногу се најде на удар на присутните. Иако во своето излагање категорично посочи дека се противи на изградбата на црквата исклучиво поради тоа што проектот се тера незаконски, Костовски од некои беше обвинуван како минер на проектот од други интереси. Истовремено, на адреса на Костовски, беа упатувани навреди на неговата личност, резултатите од раководењето со Градот, случајот со „Кермес“, неговата пасивност при подигањето на споменикот на Скендер-бег...
„Овој потег е нецивилизиран однос на Владата. Општина Центар е претворена во еден вид месна заедница, исклучиво во функција на Министерството за транспорт и врски, преку кое се тераат неколку владини проекти. Не сум против изградбата на црквата, но законот мора да се почитува. Во случајов, прекршен е Генералниот урбанистички план, кој е устав за урбанистичкото планирање не само на централното подрачје, туку градот, воопшто. ДУП ‘Мал ринг‘ полека но сигурно станува политички ринг за нечија промоција“, дециден беше градоначалникот Костовски, на кого речиси и не му беше дозволено да одговори на нецивилизираните прозивки на дел од учесниците на трибината.
„Апсолутно сум против изградбата на храмот, иако, генерално, треба да се гради. Но, тоа да биде во интерес на економскиот развој, а не на тој начин да се тера популизам во политички интерес. Не само црквата, туку крајно проблематични се и проектите за изградба на музејот, скулптурите и другите објекти, финансирани од Владата“, истакна Никола Гелевски, уредник на списанието „Маргина“.
„Село гори баба се чешла“, прокоментира Гордан Георгиев, извршен директор на ФОРУМ-ЦСИД. „Во државава има толку напластени суштински проблеми, а оваа иницијатива на Владата е непотребна или, пак, намерно поставена како таква за да ги покрие другите проблеми. Ако навистина е така, во таа констелација тоа би бил чист популизам“, дополни Георгиев.
По речиси нецел еден и пол час зовриена атмосфера на трибината, во немоќ да воведат услови за нормална дебата, организаторите ставија крај на дискусијата. Мал дел од независните присутни беа согласни дека воопшто не постоела потреба од организирање на трибината и порачаа Градот целата работа да си ја тера институционално. Токму тој механизам градските власти наскоро ќе го искористат. Имено, како што истакна Костовски, градските власти чекаат одлуката за измена и дополна на ДУП „Мал ринг“, која предвидува изградбата на црквата да излезе во службениот гласник на Општина Центар по што Градот пред Уставниот суд ќе поведе постапка за испитување на уставноста и законитоста при постапката на донесување на одлуката.
"Градот пред Уставниот суд ќе поведе постапка за испитување на уставноста" A cii kumovi se ustavnite sudii?
Од: Petar
Датум: 24.07.2008 00:37:47
Od kade vide partiski podmladok na opozicijata bre Despina? Bev licno tamu, i osven neo-nacistickata mladina na VMRO DPMNE koja totalno varvarski ja narusuvase tribinata, i tie kutri izmanipulirani zeni so ikoni vo racete (ko sekta od Alabama) nikoj ziv ne dojde do zbor !!!. Toa im bese celta, toa i go napravija. Od kade potrebata da se balansiraat tekstovi, koga se slucuva ova sto se slucuva i koga stanuva opasno da se kaze bilo sto sto ne im se dopaga na aktuelnive vladeteli. Se sluci klasicen upad na tribinata , i toa e vesta...ama ajde..ke dojde i postrasno, ama togas site ke begate od odgovornosta
Од: bojan
Датум: 24.07.2008 00:47:43
dominantna brojka bevme nie vernicite na MPC na psevdo debatata koja ne uspea da poentira zatoa sto bese koncipirana da i iskopa grob na crkvata na plostadot. i kako vo narodnata koj komu kopa grob samiot pagja vo nego. gradonacalnikot se zakopa na tribinata samiot sebe
Од: Markos
Датум: 24.07.2008 01:19:50
Najnapred da go parafraziram Slobodan Milošević, koj rekol:"Ako ne znamo da radimo umemo da se bijemo". Ottamu:"Ako ne možeme uspešno da stopanisuvame, možeme da gradime hramovi, džamii itn.". Slično na "Alkaloidovata" deviza ("za sekoja bolka edna bilka"), ne treba da se smirime do deka za sekoj čovek ne izgradime eden verski objekt.čovek
Од: Citatelka
Датум: 24.07.2008 01:24:31
Bruka i sramota,barem toa od sto go procitav i vidov na TV.Kostovski ne deka se pokaza kako ekstra gradonacalnik, megutoa vo pravo e koga veli deka bez ogled sto vo slucajov stanuva zbor za crkvata,rabotata treba da mine po zakonski pat.Vistinska sramota e sto Vladata ja zloupotrebuva svojata pozicija i vlijanie vo opstina Centar(sto e poveke od ocigledno od bezbroj situacii do sega)...sigurno Kostovski ne e "pomal"' vernik od drugite,tuku insistira na pocituvanje na zakonite.Zgora na se zalno e toa sto Gradot zaradi nedorecenostite vo zakonite, niven paralelizam i niza dupki vo niv se naoga vo nezavidna situacija,i retko koj graganin toa go razbira.Ne e samo rabotata da se pluka po covekot, vo red e dokolku toa e osnovano,no vo slucajov ocigledno deka se e zamackano so partiski boi.Podrska do Kostovski,voopsto do gradskite vlasti.Se nadevam na pravicna odluka na Ustavniot sud.
Од: Александар
Датум: 24.07.2008 03:06:47
Деспина, изгледа стравот веќе надвладува па не се осмелуваш да известиш што точно се случи. Немаше никаква пресметка помеѓу две партии, туку имаше еднострана диверзија од голема организирана група партиски војници на ДПМНЕ, кои многу провидно следејќи ги инструкциите на своите надредени, со скандалозно соднесување ја растурија трибината. Не ми паѓа на памет да ја бранам политичката опозиција, која исто така ја презирам и ја сметам во голем дел одговорна за тоа до каде дотуркавме денеска. Јас сум еден од тие што ги нарекуваш независни и воопшто не ми се допаѓа што тврдиш дека независните сметале дека нема потреба од трибини на оваа тема. Единствени кои сметаат дека нема потреба од трибини се оние кои ја саботираа денешната. Оч��гледно се многу сериозни во намерата да се замолчат сите кои не се согласуваат со нивната деструктивна политика. Јас лично ја поздравувам трибината и сите други активности во тој правец. Ние граѓаните нема да бидеме ниту замолчани ниту маргинализирани!
Од: Maja
Датум: 24.07.2008 04:41:50
Gledajki ja slikata kako bi izgledala crkvata, mislam deka bi bilo ubavo samo tie dvete zgradi od levo i desno bi gi srusil. Mnogu se grdi.
Од: Sofre
Датум: 24.07.2008 08:16:30
Pa zarem ne licese poveke na nekoj clen od serijata Opstanok licnosta koja sedese pred site koi se buntuvaa? Makedonci! Pa sramota e da se kaze deka e pripadnik na Makedonskiot narod onoj koj e protiv crkva na "acik" mesto, pa i na bilo koe mesto. Neverojatno e kolku nekoi lica se otapeni za nacionalno (i ona bez koe nacionalnoto sebesopznanie ne moze) cuvstvo.
Од: Апсолутен Поддржувач
Датум: 24.07.2008 08:36:47
Зошто врева? Па, погледнете ја фотографијата, како објектот „се вклопува“! А, од друга страна, зарем не го препознавате „моделот“ преку кој ВМРО ќе ги разрешува несогласувањата со малцинството граѓани кои се усудуваат да размислуваат во неговата „пчи-ја“?! А, уште колку притисоци ќе има до објавувањето на одлуката во Гласникот. А, ако си почнат да си ја градат, а одлуката е некаде на пат? Џабе му ја лафиме, „дечките“ не се зафркаваат!!!
Од: Maci
Датум: 24.07.2008 08:45:42
Gospod gleda, onoj sto odi protiv svojata vera porano ili podocna go plaka toa.I toj sto e protiv crkvata ne e hristijanin, za toa neka se odluci vo koja vera saka da bide. A zosto nikoj ne pisuva za zgradata sto se gradi do Telekom(na trevnikot)?????
Од: makedonsko sonce
Датум: 24.07.2008 09:05:07
Crkvata Sv. Konstantin i Elena e srusena za da se izgradi trgovskiot. Se nogame vo 21 vek. Pravdata treba da e zadovolena koga i da e i crkvata da se obnovi. Makedonija e bibliska zemja i kako sto ima svoja drzavnost ima i svoja crkva. Zalosno e da makedonskiot narod tolku negativno gleda na sopstveniot temel na bitisuvanje, na sopstvenata kultura preku muzejot i skulpturite.
Од: Shkupi
Датум: 24.07.2008 09:16:00
Ke zalite site sto glasavte za VMRO i sto donesovte na vlast populisti, megalomani, diktatori, bolesni dusi i slicno. Da SDSM bea koruptirani, no VMRO istotaka se koruptirani, samo dusevno, mentalno, ideoloski... Pa videte sega pomaloto zlo!
Од: citatel
Датум: 24.07.2008 09:16:38
grujo treba da se zanimava so vistinski problemi gasifikacija, infrastruktura, nevrabotenost a ne da go zanimava naradot i da izigrava dvorski sut.Gradewe crkva e nadleznost na crkviye a dali e potrebno na nekoe mesto odlucuva gradot.Vladata treba da se grizi za starite crkvi sto propagaat, ikonite sto ne se restavrirani , ako toa ne se sluci za nekoja godina na tie mersta ke gradi muzei.Tolku li grujo nrema salam sovetnici i luge da mu kazat koja e negova nadleznost i koi se vistinskite problemi.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 24.07.2008 10:19:44
Koj e ironicen i bezobrazen . Onoj koj kako grupa luge zastanuva vo interes na religijata i makedonizmot i koj ocajnicki se obiduva da spreci aktivnost za sprecuvanje na gradba na crkva, i pritoa gi narekuva partiski poslusnici, ili onoj koj koristi partiski licnosti i organizira partiski tribini, cija cel e zamajuvanje na javnosta i na ovakov nacin vlijanie vrz svesta na slobodniot covek. Potkrepa na ova se se ucesnicite na ovaa tribina, a posebno i na Guner I. za kogo e izlisno da se trosat zborovi. Znaci, nekoj se obide so partiski metodi da organizira odbrana na svoite tezi i da se smeta za ispraven, a koga drug toa go pravi, togas ne e ispravno. Dvolicnost , sarkazam i prepotentnost.G.Kostoski e materijalist i za ostvaruvanje na svoite celi, cesto si go menuva imeto i preezimeto, so priklucuvanje na razlicni politicki opcii, netipicni za demokratizmot.Mozebi e daritel, no mnogukratno poveke ima prisvoeno za sebe, otkolku za opstestvoto.Sramno.
Од: Zane
Датум: 24.07.2008 10:47:05
Zosto se mesaat ikoni, Svetci i Gospod vo seto ova? Ova e klasicna zloupotreba na seto ona sto treba da e sveto no, najdlaboko skrieno vo nas, vo politicki celi. I dali voljata na Gruevski za izgradba na crkva na nezakonski nacin, nasproti Generalniot Urbanisticki Plan, e i volja Gospodova? Sramota. Da ne zboruvame za estetskiot moment.
Од: Agim, Skopje
Датум: 24.07.2008 12:55:06
Eh, moi sogragjani, zoshto postojano se zaborava na Burmali Dzamija... Ako dade Gospod i nea ke ja ima na ploshtadot...
Од: Metodija
Датум: 24.07.2008 13:59:39
A jas mislam deka i zgradata na telekom i MEPSO deka treba da se srusat, i Ristceva palata, pa da si izgradime Burmali dzamija, pa do nea crkvata Sveta Mina, pa edna metodisticka crkva vo cest na Boris i Vilma cii deca Makedonija gi stipendira vo stranstvo, pa eden specijalen muzej za vancho Mihajlov i ... ce si ziveeme srecno i zadovolno.