Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

ЕДИТОРИЈАЛ

Добри вести од Србија

Соња Крамарска

Апсењето на лидерот на босанските Срби Радован Караџиќ е уште една во низата добри вести што ги испраќа Србија по долготрајно стагнирање од Балканскиот регион. Првата вест беше победата на проевропските сили на актуелниот претседател Борис Тадиќ на неодамнешните избори и дефинитивното воспоставување на влада составена од претставници со проевропска ориентација. Сега дојде на ред Караџиќ, а ако се суди според неспорната решеност на властите во Белград да расчистат со Милошевиќевото минато, куферите треба да ги пакува и Ратко Младиќ.

Колку и да се релевантни информациите дека во лоцирањето на Караџиќ, кој е обвинет за злосторства против човештвото и масакрот на околу 8 илјади Бошњаци од Сребреница, помогнале светските разузнавачки центри, едно е сигурно: акцијата за неговото апсење ќе беше невозможна без активно учество на српските безбедносни служби кои се сега под контрола на новата влада. А тоа е без сомнение голем пресврт во досегашната српска политика, која не случајно беше обвинувана за соучесништво во успешното криење на тандемот Караџиќ - Младиќ.

Но, Србија се' уште не може да здивне додека во Хаг не го испорача и Младиќ. Настаните во последните месеци не даваат простор за сомневање дека и акцијата за негово лоцирање и предавање во Хаг ќе заврши со успех. Српското раководство е решено на своите граѓани кои долго страдаа да им обезбеди мир, благосостојба и просперитет. Караџиќ и Младиќ се цена што Србија е очигледно подготвена да ја плати за да се одлепи од балканското дно.

Апсењето на Караџиќ засени и една друга вест што се појави во почетокот на оваа седмица, но остана речиси незабележана: Србија повторно ги отвори вратите за сите амбасадори на кои им откажа гостопримство од февруaри наваму поради признавањето на косовската независност од страна на нивните земји. И тоа, мора да се признае, е голем и значаен гест, што може да значи дека оваа држава е решена да гази со џиновски чекори кон Европа.

Така Србија од константно лоша вест и земја која шири нестабилност во Балканскиот регион полека се претвора во позитивна приказна. Станува јасно и дека Србија е решена своите проблеми со отцепувањето на Косово да ги решава билатерално или, пак, во рамките на надлежните институции во светот, а не во својот проблем да инволвира трети земји кои објективно можат да и' се најдат како сојузници. Таква прагматичност и брзина во донесувањето на одлуките, таква промена на една губитничка стратегија во добитничка стратегија одамна не е видена на овие простори.

„Гардијан“ вчера на својата насловна страница ќе заклучи дека политичката клима во Србија се менува на подобро со светлосна брзина. „Њујорк тајмс“ вели дека апсењето на Караџиќ изнело на улица само стотина националисти кои протестирале поради неговото испорачување во Хаг. Споредено со 13 години прибежиште што Србија му го обезбедуваше на Караџиќ, тоа многу говори во прилог на оцените дека атмосферата во Србија значително е променета од јули 1995 година кога Хаг само неколку дена по трагичниот настан во Сребреница издаде потерници по Караџиќ и по Младиќ.

Има некои процени дека за разлика од Караџиќ, Младиќ остварува многу силни врски со српската војска и дека од тие причини тој не се ни крие, туку слободно шета низ околината на Белград. Но, се работи за нов Белград, а не за политички ранетиот и осакатен Белград по многубројните порази во војните за време на распадот на Југославија, додаваат други аналитичари. И вистина е така. Новиот Белград тргна во освојување на симпатиите на светските престолнини.

Можеби маскираниот Караџиќ во неговиот поход низ Србија како квазилекар за лекување психички блокади, несигурност, страв и бегство од реалноста, мислеше дека се подбива со ловците на Хаг, но, всушност, несвесно им помогна на своите сограѓани по 12 години талкање да го фатат вистинскиот правец.


Статијата е прочитана 917 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 24.07.2008 00:46:08
eeej eeej ova sto go pisuvas sega mozam da ti kazam , dobro utro razbudi se, ili sto ti je gajle vazno nesto da pisuvas , pa ovakvi statii veke se pisuvaat poveke od 12 godini i sega ne se veke aktuelni, ili sakas malku da se odmoris od sdsm-ovcite.
Од: jovan
Датум: 24.07.2008 09:09:15
Sto ti tekna vakvi tekstovi da pisuvas a i naslovot ubavo zvuci, ama izgleda ne svakas deka Makedoncite se pogolemi Srbi i od samite Srbi ,pa trebase da gi procitas komentarite po novinite na denot koga go uapsija ovoj sizik, krokodilski solzi leea, go zalea go velicea kako golem heroj koj nepravedno bil osuden od NATO zlikovcite. Ova e Makedonija sestro ovde ako treba ke se gine i vo Bosna, a pogotovo na Kosovo, samo da si gi spasat "brakata" Srbi. Ne ti trebal ovoj tekst, sega ke vidis kako ke te proglasat za predavnik.
Од: Krakatoa
Датум: 24.07.2008 10:13:20
Апсењето на Караџиќ е знак за една прогресивна и демократска држава со силно владеење на правото. Едно е „бусањето“ в гради и градењето популизам на националистички и конзервативни основи, а друго е да се има свест, идеја и решителност за остварување безбедна иднина на државата во Европската унија... Камо среќа нашето портокалово боксерче (и другите портокали околу него) да ги имаше тие квалитети, наместо да ги копира однесувањето и политиката на Милошевиќ кон својата држава и светот...
Од: Некого
Датум: 24.07.2008 11:05:33
Текстот е онолу просрпски исто колку што е и оној за Бугарија и ЕУ во истово издание: новинарски писание. Што сега мешаш гинење на Македонци за Србија и слични работи? Ние не бевме решителни да гинеме самите за себе кога дојде време, а не пак сега за некој друг.
Од: kolegata
Датум: 24.07.2008 12:37:51
Bravo koleske.Si znaela i realno da poglednes,ama nadvor od R.M. samo se cudam kako ova srpska zasluga ne mu ja prepisuvas na SDSM i Brane i Radmila, a za dosegasnata stagnacija ne ja obvinuvas VMRO i Gruevski.No ima uka,ima i oduka, ili po malesevski naucil se pop na baren bob,odnemalo bob, oducil se pop.
Од: Bastion
Датум: 24.07.2008 13:22:50
Navistina prekrasen text na Соња Крамарска,vredi da se procita i nekolku pati,iako e osporuvan od "prerodbenicite" koi ako ne go vidat imeto i prezimeto na nivniot predvodnik Nikola Gruevski vo tekstot od statijata togas vednas go osporuvaat toj tekst,samo taka ke si ostanat zakoraveni zasekogas na dnoto na balkanot

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Сиромашен речиси секој трет Македонец
Зденко
Претходен број
Хелсиншки комитет- Континуирано се урива принципот на пресумпција на невиност
Пред смртта, новинарот Танески напишал две писма?
Тајниот живот на Радован Караџиќ
Итните закони експресно на Уставен суд
Драмата на Егејците (22)
Лeзбиски спор
Грујовизми
Истражниот судија останува на одлуката Заев да се брани од слобода
Tрибината за црква на плоштадот се претвори во политичка пресметка
Брисел не признава дека згрешил со приемот на Бугарија
Карикатура
Радован Караџиќ
Verbatim