Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Брисел не признава дека згрешил со приемот на Бугарија

На Софија и' се замрзнува целата претпристапна помош од над 500 милиони евра

Од нашиот дописник
Слободанка Јовановска

Брисел - Европската комисија не сакаше да признае вчера дека приемот на Бугарија и на Романија во ЕУ била грешка, иако ја официјализираше одлуката со која на Софија и' се замрзнува целата претпристапна помош од над 500 милиони евра и и' се одземаат акредитациите за двете агенции кои треба во иднина да раководат со многу поголемата помош од над шест милијарди евра до 2013 година. Сакајќи да ја стресе бугарската елита со одлуката, но и да ја ублажи реториката за да не предизвика политичка криза, ЕК ги повлече заканите за блокирање на влезот на Бугарија во шенген и во еврозоната, иако и двете нешта се далечна перспектива за оваа земја. Романија помина без казна, но оцените за оваа земја не беа розови, исто така.

Сепак, првпат Бугарија и Романија се најдоа на различна страна, откако во претходниот извештај во јуни двата извештаја беа направени со копирање на исти делови, дотаму што романскиот осамна со два дела кои се однесуваа, всушност, на другата земја. Иако ЕК првпат покажа подготвеност да ги отслика состојбите во двете земји во вистинска боја, вчера на презентацијата на извештаите, сепак, ретерираше во изјавите во однос на нацрт-извештаите што циркулираа минатата недела, а на прес-конференцијата не се појави никој од функционерите на ЕК, па ни еврокомесарот Оли Рен. „Не се согласувам дека направивме грешка со приемот на овие земји. Ова не е извештај за проширувањето. Кога беше носена одлуката за прием, бевме свесни дека останаа некои нерешени прашања, така што мерките што ги преземаме сега покажуваат дека механизмот што го избравме тогаш функционира“, изјави портпаролот Јоханес Лајтенбергер. Фондовите што се суспендирани за Бугарија, главно, требаше да се инвестираат во инфраструктурата, транспортот, енергетскиот сектор, јакнење на конкурентноста на бугарското стопанство и, како најважно, за подготовка на институциите за користење на многу поголемата помош што земјата ја доби ��ако членка. Без тоа, членството во ЕУ не значи одење напред, ниту може да обезбеди хармонизирање на земјата на пократок рок, до нивото на другите земји-членки на Унијата.

Реакциите што од Софија стигнаа вчера до Брисел беа дека ЕК и' го урнала угледот на владата со извештаите, иако бројките покажуваат дека Бугарија не ни имала којзнае каков капацитет дури и да го злоупотреби тоа што го добивала од ЕУ, бидејќи искористила само дел од претпристапната помош. „Бугарија не е во можност да ги користи целосно бенефициите од помошта поради критичката слабост на администрацијата и на судството, и на локално и на централно ниво. Бугарската администрација страда од големи смени и неатрактивни плати кои создаваат услови за корупција. Законите не треба само да се носат, туку и да бидат имплементирани, а институциите да бидат поефективни и да даваат повеќе резултати“, стои во извештајот во кој се потенцира дека корупцијата на високо ниво и организираниот криминал додаваат на сликата на генерална слабост. Една од препораките, притоа, на ЕК до Софија е да ја зачува доверливоста на кореспонденцијата со Брисел, односно да не објавува доверливи документи како што се случи со овие три извештаи.


Статијата е прочитана 1731 пати.

Испрати коментар

Од: Од Бугариjа
Датум: 24.07.2008 08:40:34
Не се секираjте, со вас нема да згрешат и воопшто нема да ве приемат :)
Од: jeremija
Датум: 24.07.2008 09:11:54
Sto da pravat siromaskite koga imaat losi komsii (hahaha)
Од: Од Бугариjа
Датум: 24.07.2008 09:33:59
Не се секираjте, со вас нема да згрешат и воопшто нема да ве приемат :)
Од: jak
Датум: 24.07.2008 09:49:01
Do prijatelov sto se potpisal "Од Бугариjа".Prijatele, da ne pies mastilo, namesto caj ili kafe nasabaljle?Pa da ne mislis deka si od Provansa, pa ve primia vo EU zatoa sto ve sakaat mnogu, ili si pra pravnuk na Lui 16, hee. Prijatele, narodite vredat tolku kolku sto drzat do sebe.Ne sakam da nabrojuvam zosto ve primija, ako si malko nacitan covek ce svatis.Krajot ce pokaze deka bugarskata istorija se povtoruva, na kolonijalnata servilnost i nea kraj.Toa dali zgresile ili ne, neka ja treskaat glavata oni.Stom Vas nekoj ve primil, toa znaci vie ste gosti tamu, a do goga..........?
Од: Загрижен
Датум: 24.07.2008 09:49:30
Се прашувам што ќе правам со бугарскиот пасош ако догодина ги исфрлат од Унијата?
Од: Европеец
Датум: 24.07.2008 10:07:45
Тоа е народ кој сака само да приграбува. И не само пари, туку и територи. Но на се има крај. Тоа го доажале во историјата. Тоа е земја која какде и да влезе и склучи сојуз по било која основа, земјите и сојузите губат или се распаѓаат.
Од: Gord Makedonec!
Датум: 24.07.2008 10:23:18
Vo Bugarija pred 20 godini odevme da prodavame mastiki. EHHEJEJJJ MASTIKI!!!!!!!!. Znaci, vo nieden pogled ne ste pred nas. Vas ve primija vo EU poradi xx pricini, ama sega tek ke izleguvaat greskite na EU.
Од: Охрид
Датум: 24.07.2008 10:29:54
бугарија и ЕУ?! Два различни поими. Нека му ја мисли сега ЕУ со што држава дозволи да и се фати на орото. А бугарите нека не се секираат за Македонија , Mакедонија е светлосни години понапред од нив! На Македонија не и укинуваат пари и не и прават санкции За разлика од бугарија ( и згора на се членка на ЕУ) резил , но бугарите си се научени на резили.
Од: Сеирџија
Датум: 24.07.2008 15:16:28
Не ми се секирајте,вас тие што ве приемија можат и портата да ви ја покажат,брате Бај Гањо,што си отишол на гости при Иричек.Вие таму не им требате,им треба Черното Море.
Од: V V
Датум: 24.07.2008 16:21:35
Вие коментаторите не се ситете како не ви е срам уште нашите сиромашни седат во бараките што ви ги подари Бугарија, тенковите за кој зедовте пари од железото,цел живот БГ ви помага, срамно,а по блоговите се јавуваат наши Македонци кои се прават бугари изборат лошо за Македонија, тоа е фаланга која е насочена за да се искараат двата братски народи,нели во Македонија ако немаше страв од Бугарија одавно ке е немаше државава наша Македонија ,Србија ни било кој Грција која правите далавери со владава со грција за да е обезличите, вие сте навистина лоши и никакви што се ситите,ке се оправат.Сте виделе дека сите таму се на работа, без разлика колку плата земаат,нема питачи по улици,како кај нас на мостот камни....подршка за БГ, тепајте ги олигарсите не ги судете и тепајте и се што ви прави лошо,испитајте,некој има пуштено луге да се претставуваат како бугари,а тоа се македонци и зборат лошо за да е закараат БГ и МК...подршка за Бугарија.....срам да ви е....лошото лошо носи.

Најди! во Утринск��
Барај со НАБУ
Насловна
Добри вести од Србија
Сиромашен речиси секој трет Македонец
Зденко
Претходен број
Хелсиншки комитет- Континуирано се урива принципот на пресумпција на невиност
Пред смртта, новинарот Танески напишал две писма?
Тајниот живот на Радован Караџиќ
Итните закони експресно на Уставен суд
Драмата на Егејците (22)
Лeзбиски спор
Грујовизми
Истражниот судија останува на одлуката Заев да се брани од слобода
Tрибината за црква на плоштадот се претвори во политичка пресметка
Карикатура
Радован Караџиќ
Verbatim