Хелсиншки: Континуирано се урива принципот на пресумпција на невиност
За Министерството за внатрешни работи Хелсиншкиот комитет бил „малку збунет“ и „имал лош ден“
Во најголем број случаи не се почитува начелото на пресумпција на невиност кое е едно од основните постулати на кривичната постапка заштитено со Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човекови права, се вели во вчерашната реакција на Хелсиншкиот комитет по повод последните спектакуларни апсења.
Од оваа невладина организација подвлекуваат дека во некои случаи постои сомнителна примена на процедурите пропишани со интерните акти на МВР. Иако, во Уставот се гарантира принципот на пресумпција на невиност и правото на приватност, достоинство и углед на личноста, сепак, она што секојдневно се гледа во Македонија е како уапсените ги снимаат, спроведуваат до истражен затвор или истражен судија, а настанот е топ-тема во сите медиуми.
„Со оглед на фактот дека МВР е организатор и реализатор на полициските акции на приведување, сосема е симптоматично како истите медиумите се точно известени за денот, часот и местото на приведување, па се во можност спектаклот на уривање на нечие достоинство да го прикажат на целокупната македонска јавност“, се вели во реакцијата на Хелсиншки комитет.
Според нив, со прикажувањето на оперативните снимки се повредува и правото на приватноста, личниот и семеен живот, угледот и достоинството кои, исто така, се гарантирани со Уставот и меѓународните акти. „Ова право не може да се ужива кога на телевизиите се вртат снимки од приведени лица и притоа се кажуваат нивните имиња, или пак како во некои случаи кога, за да биде иронијата поголема, МВР информира со иницијали проследени со слика и поблиска определба на професијата на лицето“, нагласуваат од Хелсиншки.
Поради сето ова, Хелсиншкиот комитет инсистира на примена на членот 8 од Европската конвенција за човекови права, што подразбира дека при обезбедувањето информации за осомничени, обвинети или осудени страни во кривичните постапки треба да се почитува нивното право за заштита на прив��тноста.
За нив е интригантно и прашањето дали во ваквите акции полицијата може да ги оправда средствата за врзување лица (лисици), со спречување на отпор спрема полициски службеник, бегство или самоповредување на лицето, или пак лисиците на приведените лица се само еден сегмент на „циркуската“ претстава што Министерството ја пласира со помош на медиумите!
Хелсиншкиот комитет потсетува и на Кодексот на новинарите и на нивната улога во градењето на демократијата и цивилното општество и слобода. Тие сметаат дека во ниту еден случај немаат намера да го минимизираат правото на јавно информирање, но ги повикуваат новинарите да бидат внимателни и притоа да не ги повредуваат другите базични права.Од оваа невладина организација ја охрабруваат и оценуваат како позитивна борбата на државата против корупцијата и спречувањето на криминогените дејства, но укажува дека таквите акции не смеат да ги повредуваат основните принципи и заложби за почитување на основните човекови права и слободи.
За Министерството за внатрешни работи Хелсиншкиот комитет бил „малку збунет“ и „имал лош ден“. Во вчерашната реакција, меѓу другото, се вели: „МВР искрено верува дека не станува збор за некакви политички интереси и дека Хелсиншкиот комитет нема да инсистира МВР да ја прекине комуникацијата со јавноста и медиумите. Се надеваме дека Хелсиншкиот комитет знае дека одамна помина времето на комунизмот и едноумието, кога службите можеа да приведат одредено лице и за тоа не смееше ниту да се праша. МВР нема да дозволи да биде обвинето дека ’киднапира‘ лица без никакво сомнение или постапка, без разлика што Хелсиншкиот комитет цени дека не требало ниту да се дадат информации за ’поблиската определба на професијата на лицето‘“, стои во соопштението од МВР.
МВР, се додава во соопштението, нема да си дозволи да го узурпира правото на слободно информирање на медиумите, ниту, пак, ќе лаже при одговарањето на нивните прашања. Од МВР потсетуваат дека судот е тој кој во независна постапка (без протести и политички притисоци) одлучува за нечија вина. „Се надеваме дека Хелсиншкиот комитет нема да си дозволи да почне со вршење притисоци врз Врховниот суд, со чија дозвола медиумите присуствуваат во судниците, иако станува збор за лица против кои е поведено обвинение, што значи лица чија вина се' уште не е утврдена со правосилна пресуда“, се наведува во денешното соопштение од МВР.
Nikako MVR nema da dozvoli nekoj da im go uzurpira pravoto na skandalozni apsenja,za toa ke se pogrizi potparolot Ivo Kotevski,inaku site nie koi go pocituvame ustavot i,zakonite i covekovite prava imame los den i sme zbuneti,no sto se slucuva so onie cetirieset lica od patarinata koi na ist vakov nacin gi apsea a sega ne mozat da dokazat deka kradele.Ke mora nekoj da se seti i da ja tuzi drzavat vo sudot vo Strazburg i da naplati debela osteta,na toj nacin belkim ke se osvestime deka sekoj covek dodeka ne se dokaza negovata vina ima pravo na pocituvanje na negovata licnost,dostoinstvo i ugled
Од: tome
Датум: 24.07.2008 03:50:28
gicitam redovno site novosti od nasata drzava Makedonijago pozdravuvam gestot da site naslovi na firmite so isklucok na nekoi da se pisat na makedonski samo seuste zamene kako obicen citatel ne mi se jasni nekoi naslovi kako na primer "presumcija" zar vo nasiot zbornik nemame soodvetno ime za toa.
Од: dragan
Датум: 24.07.2008 05:49:48
treba li nekoja shkola ili nekoe opshto poznavanje od bilo sto da rabotish vo toj t.n helsinshki komitet ?? mnogu bile pametni... izgleda nemaat nitu tv doma..
Од: Makedonec
Датум: 24.07.2008 08:44:03
'Helsinski bil malku zbunet i imal los den" Vakva arogancija imala samo tajnata policija na Hitler Gestapo
Од: metodija
Датум: 24.07.2008 09:41:41
kakvo sudstvo, kakvo obvinitelstvo? Soprugata na Ministerot za pravda, Manevski, koja e Apelacioni sudija, vika po hodnici i na sostanoci: Jas sum sudski sovet, jas odlucuvam koj ce bide sudija, koj ce sudi, kakvi presudi ce se izrecat. Pa sega videte kaj ziveete i sto ce se slucuva so drzavata.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 24.07.2008 10:23:32
Go molam novinarot da izraboti statija vrz osnova na istrazuvanje, so predmet dali vo drugite organizacii na Helsinskiot komitet, mislam vo drugi zemji, clenuvaat partiski pripadnici, zakoraveni, i dali nekoj tamu ima ucestvuano vo demonstriranje protiv apsenje na nekoj tamosen politicki funkcioner, mislam direktno. Blagodaram odnapred. Baram mislenje i od Antkorupciska za mesanje na ingerencii.
Од: A. Nikolov
Датум: 24.07.2008 10:29:49
Koga vo nekoja drzava vlasta e dadena vo racete na deca normalno ke se odnesuvat kako pubertetlii.A znaeme vo toj period decata se skloni na lazenje.Tie deca koi prvoto rabotno mesto im e politichko nema shto da se ochekuva poveke.Tie deca gledale kaubojski filmovi i shto imat naucheno,kako bilo na diviot zapad pred 200 godini.Osveta i samo osveta a za posledicite ne e vazno.Zemjata ni ja dovedoa do toa deredze do koe sme.Glavniod sud e sherifot i tolku.Besilkata e stavena vo centarot na naselenoto mesto i se povikuvat graganite da gledat pretstava.
Од: devicanecot
Датум: 24.07.2008 14:44:46
Ама Хелсиншкиот комитет не да е збунет, туку е во некое лудило, би рекол. Нека се разбуди малку и нека ги гледа работите со разбудени очи. Каде беше истиот тој комитет кога се апсеше Диме поштарот по планините во Булачани, или кога истиот го убија?
Богати, не бил тој Зоран Заев, ама бил Диме поштарот? И не бил тој душа, така зверски да биде застрелан на улица?