Брoj 2745  четврток, 24 јули 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Фељтон
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Тајниот живот на Радован Караџиќ


Радован Караџиќ дури држел јавни предавања и бил редовен колумнист во списание за здравје

Како Дабиќ, духовен истражувач, тој држел предавања за медитација и техники практикувани од свештеници

Според српски официјални лица, уапсениот осомничен за воени злосторства Радован Караџиќ неколку години живеел во Белград и работел алтернативна медицина. За време на тринаесетгодишното бегство тој пуштил долга бела брада и го сменил името во Драган Дабиќ, изјави српскиот министер Расим Љаиќ. Караџиќ (63), живеел „многу успешно прикривајќи се“ од остатокот од светот, користејќи лажни документи, рече тој. Тој дури држел јавни предавања и бил редовен колумнист во списание за здравје. „Тој беше навлезен во алтернативната медицина, заработувајќи од практикување алтернативна медицина, работел во приватна ординација“, вели Љаиќ, српскиот министер за односи со Хашкиот трибунал.

Адвокатот на Караџиќ, Светозар Вујачиќ, изјави дека неговиот клиент живеел во Белград одреден временски период „додека луѓето со кои контактирал немале никакви сознанија за тоа кој е тој“. „Немал никакво обезбедување и живеел сам“ во Нов Белград, модерно предргадие со огромни висококатници, вели Вујачиќ. Маскирајќи се како експерт по човечка квантна енергија, бегалецот бил толку сигурен во својата маска што дури и имал сопствена веб-страница и делел визит- картички за време на предавањата по алтернативна медицина. На визит-картичката стоело името Д.Д Давид, каде што иницијалите Д.Д. најверојатно биле за псевдонимот Драган Дабиќ. Претставувајќи се како Дабиќ, духовен истражувач, Караџиќ држел предавања за модерна медитација и тивки техники кои биле практивувани од православни свештеници. Тој во мај одржал предавање во Белград и во Смедерево, град источно од главниот град. На едно предавање бил претставен како „истражувач во полето на психологијата и биоенергијата“.

Горан Коиќ, уредникот на белградското списание „Здрав живот“, кој ги објавувал текстовите од Караџиќ, сведочеше за кредибилитетот на алтер-егото на наводниот воен злосторник. „Л��цето што јас го запознав беше личност што секој би ја посакал за свој пријател“, изјави Коиќ за Би-Би-Си. Коиќ додава дека никогаш не разговарал за политиката со Караџиќ, професионално обучен психијатар, кој во 1996 година бил виден во јавноста во источна Босна, и нивните конверзации биле ограничени само на теми околу здравјето. Караџиќ не зборувал со босански акцент, додава Коиќ. „Тој слободно шеташе низ центарот на Белград и никој не знаеше за кого станува збор“, изјави Коиќ. „Добив впечаток дека овој човек не се плаши од ништо“.

Српскиот обвинител за воени злосторства, Владимир Вукчевиќ , изјави дека Караџиќ „слободно се движел, па дури и се појавувал на јавни настани. Луѓето кои му го најмиле станот не го знаеле неговиот вистински идентитет“. (Би-Би-Си)

Во ова издание и:

Кој ја зеде наградата од 6,6 мил. долари за Караџиќ?

Лавров се надева во објективност на Хаг

Свирел на гусла во „Лудата куќа“ под својата слика

Работата на Трибуналот се продолжува уште четири години


Статијата е прочитана 3347 пати.

Испрати коментар

Од: Pirin
Датум: 24.07.2008 00:25:21
se setal karadza slobodno a za toa slobodno se tguvalo i za toa se setal slobodno no , stom e istrguvan i vednas padna vo racete na kako da se narece taa pravda, pa vojni zlostornici od teriteite jugoslovenski se proizvod na zapadnata demokratija isto kako bin laden sto e proizvod na amerite, zlostorstvata vo srebrenica moze da se kaze i pripagaat prvo na evropa koja gi potikna i ne sakase da spreci , ovie bea samo uspesni pioni, i ete a ja evropa sega ke deli pravda.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Добри вести од Србија
Сиромашен речиси секој трет Македонец
Зденко
Претходен број
Хелсиншки комитет- Континуирано се урива принципот на пресумпција на невиност
Пред смртта, новинарот Танески напишал две писма?
Итните закони експресно на Уставен суд
Драмата на Егејците (22)
Лeзбиски спор
Грујовизми
Истражниот судија останува на одлуката Заев да се брани од слобода
Tрибината за црква на плоштадот се претвори во политичка пресметка
Брисел не признава дека згрешил со приемот на Бугарија
Карикатура
Радован Караџиќ
Verbatim