СТРУГА Васил Максимовски од вчера е в.д. директор на средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. За негов заменик е назначен Ресуљ Бектеши. Максимовски на оваа позиција доаѓа на предлог на градоначалникот Рамиз Мерко, а со неговиот избор се согласи и Советот на општината. Тој ќе го замени досегашниот директор Никола Затуровски. Максимовски ќе ја врши функцијата директор во наредните шест месеци додека ��фицијално не биде објавен конкурсот за избор на директор.
Со 35 години стаж тој е еден од најискусните професори и се смета дека е одлично решение и за училиштето и за цела Струга, бидејќи се верува оти добро ќе го води училиштето. Најави дека наставата ќе се изведува во комбинирани смени. Приоритет во работењето на новото раководство ќе биде безбедното одвивање на наставата, без инциденти, како и изградбата на нова училишна зграда или, пак, реновирање на веќе постојната. (Д.Р.)