Број 3373  четврток, 02 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Основците протестираа во Дреновец

ТЕТОВО - Уште една учебна година почна без настава во новоизграденото училиште во населбата Дреновец во Тетово. Наместо во училиштето, вчера стотина ученици од прво до осмо одделение во дворот мирно протестираа, бидејќи не можат да следат настава во најблиското училиште. По еден час, на повик на претседателот на Месната заедница, Бајрам Куќи, децата се разотидоа, а денеска протестот продолжува. Куќи најави дека така ќе биде и утре, а за в понеделник дополнително ќе се договарале.

„Ова не е ниту протест ниту бојкот на настава. Сакаме децата да учат. Време е да ги поштедиме од секојдневно непотребно пешачење по неколку километри и изложување на сите ризици и опасности што ги носи улицата. Не треба да се ��аборави дека станува збор за деца од само шестогодишна возраст“, нагласи Бајрам Куќи.

Според податоци од Месната заедница и од ЦОУ „Братство Миѓени“ во Тетово, во новоизграденото училиште настава треба да следат 600 ученици. Сега тие патуваат неколку километри до матичното или до најблиските училишта „Гоце Делчев“ и „Лирија“ во Тетово и „Скендер-бег“ во Порој.

Ариф Цека, директор на ЦОУ „Братство-Миѓени“, вели дека објектот во Дреновец се' уште нема дозвола за употреба и дека не било позитивно одговорено за нови 29 вработувања. Освен тоа, од 25 училници, опремени се само 10, како и наставничката канцеларија. „Се' зависи од министерствата за образование и за финансии, кои треба да дадат одобренија за нови вработувања. Ако ова прашање се реши позитивно, нема да има никаков проблем“, вели Цека.

Министерот за образование, Никола Тодоров, вчера изјави дека за училиштето во Дреновец биле одобрени средства, но и дека била постигната согласност со директорот на училиштето. „До крајот на неделата се' ќе се среди. Од понеделник во училиштето во Дреновец ќе има настава. Дотогаш треба да се направи распоред и се' ќе биде во ред“, ветува Тодоров. Сепак, министерот за образование премолчи зошто сево ова не било средено до вчера кога почна учебната година. (Г.Е.)


#
Статијата е прочитана 320 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Политика
Во Македонска Каменица полесно се дише
Џагор ги исполни училиштата
Македонците повеќе сакаат боледувања отколку работа
Прељубиште пример за модерно европско образование
Учебната година не почна за 17 основци во Секирци
Електронски увид во даночната картичка
Нов директор во „Нико Не��тор“
Спласна интересот за благајнички записи