ПРИЛЕП - Во селото Секирци, општина Долнени, родителите вчера не ги пуштија своите деца на настава, бидејќи бараат да се врати старото име на училиштето. Во спротивно се закануваат дека децата ќе учат во друго село. Поради тоа вчера наставата не почна за 17 ученици од прво до четврто одделение во ОУ „Исмаил Џемаили“ во селото Секирци, општина Долнени. Родителите бараат да се врати старото име на училиштето „Петре Глигуроски“, а доколку тоа не се случи бараат нивните деца да учат во друго училиште. Со одлука на Училишниот одбор, пред неколку месеци, „Петре Глигуроски“ е преименувано во „Исмаил Џемаили“. Тоа го прифатило Министерството за образование.
Директорот на училиштето, Севгани Ибраими, разговарал со родителите и вели дека за настанот ги известил Државниот просветен инспекторат и локалната самоуправа на Долнени. Оттаму изразиле подготвеност за безболно решавање на проблемот. Според Ибраими, родителите треба да поднесат писмено барање до Советот на општината Долнени и подрачното училиште во Секирци би се припоило на централното училиште Ѓорче Петров во другото село - Ропотово. Таму досега родителите од Секирци ги пуштале на настава децата од петто до осмо одделение. (МИА)
celosno gi podrzuvam roditelite i alal da im e. Ne moze politika na sekoj cekor da ima, skoloto imalo ime i toa treba da ostane, a ne znam dali ke opstoi skoloto so novo ime i bez deca?
Од: Petrovski Branko
Датум: 02.09.2010 09:25:11
Nikako da ne gi pushtaat decata na ucilishte dodeka ne se vrati staroto ime.
Од: mitre
Датум: 02.09.2010 10:20:36
Секирци,Костинци,Долгаец,Зрзе,Стровија се веќе тотално напуштени и руинирани села.Никој од официјалните власти од 1945 наваму не сакаше да види дека селата се опустошуваат и празнат и дека во нив останаа само стари луѓе.Во овој регион доминира муслиманското население предводено од албанците во Црнилиште.Во Црнилиште своевремено и Турците беа асимилирани во Албанци.Во ова село сега има околу 3000 жители Албанци и 15 Македонци.Во Училиштето
“Петре Глигуроски “кое беше во Костинци,а потоа го преселија во Црнилиште учат околу 500 Албанчиња.Таму веќе нема враќање назад,тие доминираат и со наставници и со ученици.Промената на името никој не може да ја спречи .Залудни се обидите на населението од Секирци.