Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Ахмадинеџад: Напад на Иран ќе значи крај за Израел

ДОХА - Секој напад врз Иран би довел до уништување на државата Израел како политички ентитет, изјави иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во неделата за време на посетата на заливската арапска држава Катар. „Секоја мерка против Иран би била еднаква на елиминација на ционистичкиот режим од политичката географија (на регионот)“, изјави тој на конференцијата за печат, осврнувајќи се на можен напад од Израел или од САД. Неговите коментари на јазикот фарси беа пренесувани од иранската новинска агенција ИРНА.

Ахмадинеџад, кој е во Катар на разговори со катарскиот емир Шеик Хамад Бин Калифа ал Тани, честопати повик��ваше на уништување на еврејската држава.

Иран не го признава Израел. кој го нарекува ционистички режим. Израел, за кој се верува дека е единствената земја на Блискиот Исток што поседува нуклеарно оружје, ја смета нуклеарната програма на Иран како закана за сопственото постоење и не ја исклучи можноста за воена акција за да го спречи Иран од производство на атомска бомба. Воведени се меѓународни санкции врз Иран за да се принуди Техеран да ја запре чувствителната нуклеарна работа. Иран соопшти дека неговата нуклеарна програма е за мирновременски цели, примарно за производство на електрична енергија. (Ројтерс)


#
Статијата е прочитана 1063 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Лондончани без потписи од Блер
Бог не е машко, Ета бара мир, камшици во Иран
Каде оди Белгија?
Во вселената експресно се старее
Уапсени анархисти во Минск