БРИСЕЛ - Разговорите за формирање нова влада во Белгија пропаднаа за време на викендот што доведе серија политичари од француското говорно подрачје да го иницираат вообичаеното табу-прашање за можно расформирање на земјата. Кралот Алберт во саботата ја прифати оставката на лидерот на социјалистите Елио ди Рупо, од француското говорно подрачје, како водечки преговарач откако тој не успеа да обезбеди постигнување договор на седумпартитните разговори за реформирање на земјата, предуслов за формирање коалициона влада. Ди Рупо е вториот медијатор кој не успеа во задачата по завршувањето на изборите пред три месеци.
Кралот сега ги именуваше франкофонскиот спикер на Долниот дом на парламентот, Андре Флахаут од Социјалистичката партија, и спикерот на Сенатот, Дани Пиетерс од Н-ВА да се обидат да поттикнат преговори. Дискусиите се фокусирани на три прашања - иднината на франкофонските приградски населби во Брисел што се наоѓаат во Фландрија во која се зборува холандски (прашање кое беше причина за пад на последната влада во април), нов федерален закон за финансирање и рефинансирање на главниот град на државата, Брисел. Последното прашање е причина за многу несогласувања во последниве неколку недели.
Овие прашања се наоѓаат во сржта на односите меѓу побогатата Фландрија во која се зборува холандски и која сака повеќе самостојност за заедниците и зависната од субвенции Валонија во која се зборува француски и која стравува дека децентрализацијата ќе биде причина за нејзина економска пропаст. Разговорите за расформирање на земјата вообичаено се резервирани за фламанските политичари, но овој пат франкофонските политичари беа тие што го искористија тоа прашање. (ЕУ обсервер)
Западот со војна ја распарчи Југославија, ама неговите држави ете, сами од себе ќе почнат да се распаѓаат.Можеби прво Белгија, па Шпанија, па обединетото кралство.. па .Италија.
Тоа е правилото на животот...не прави му на друг она што не сакаш тебе некој да ти го направи.
Од: ЕВРОПА НА КУПИШТА ЛАГИ
Датум: 07.09.2010 13:48:40
Европа е изградена на куп лаги и ке ја проголта и грчката лага за Македонија оваа изјава на почитуваниот подржувач на Македонија Ханс Лотар е точна и така е Европа е недемократска се гледа по Грција и Бугарија.