Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Уапсени анархисти во Минск

МОСКВА - Белоруската полиција во Минск уапси анархисти за кои постои сомневање дека фрлиле два молотови коктела во дворот на руската амбасада. Шест момчиња и девојки се обвинети за намерно предизвикување пожар во дипломатското претставништво во Русија. На 3 декември беше уапсена уште една девојка, но подоцна таа беше пуштена. И на 4 септември беше уапсено уште едно момче, но по истражниот разговор беше пуштен на слобода.

Шестемина уапсени заедно најмиле стан во Минск во кој живееле. На 3 септември околу шест часот на вратата од станот се појави полицијата. Шестемина анархисти се уапсени, а од станот се земени нивните компјутери, мобилните телефони, парите, како и повеќе списанија.

Алексеј Жингеровски изгледа се смета за водач на групата, па нему му е даден државен, значи платен адвокат. Преку адвокатот мајката на Жингеровски добива информации за синот, како и за другите уапсени. Обвинението против уапсените требаше да им биде соопштено до вчера навечер. Пријателите на уапсените тврдат дека од 4 септември во затвор е и Антон Лаптењок.

Да потсетиме, молотов коктел беше фрлен во дворот на руската амбасада вечерта на 30 август и, за среќа, никој не настрада, но се запали еден паркиран автомобил марка „мазда“. Одговорноста ја презеде групата анархисти „Пријатели на слободата“. На левичарските веб-страници беше објавено објаснување дека белоруските анархисти на тој начин им даваат поддршка на активистите во Москва, кои се спротивставуваат низ шумата во предградието на Москва, Химки, да минува автопатот за Санкт Петербург.

Белоруските анархисти изјавија дека им даваат поддршка на противниците на власта во Русија, бидејќи тие и во својата земја се за смена на претседателот Александар Лукашенко. Така отпаднаа шпекулациите од Москва дека станува збор за „одмазда“ од страна на оние што не им се допаѓа пропагандната кампања против Лукашенко во московските медиуми. (Б.В.)


#
Статијата е прочитана 706 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Свет
Лондончани без потписи од Блер
Бог не е машко, Ета бара мир, камшици во Иран
Каде оди Белгија?
Во вселената експресно се старее
Ахмадинеџад