Број 3377  вторник, 07 септември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Свет

Лондончани без потписи од Блер

Се откажува од потпишувањето на својата книга пред лондончани за да нема протести

Од нашиот дописник Томислав Ивановски

ЛОНДОН - Поранешниот британски премиер Тони Блер најави дека би можел да се откаже од предвиденото потпишување на својата книга-мемоари „Патување“ во Лондон за да се спречи метрополитен полицијата да има „многу дополнителни непријатности“.

Во разговор за телевизијата Ај-Ти-Ви, Блер рече дека „книгата се продава фантастично“, па дека затоа нема потреба од дополнително потикнување на продажбата со јавното потпишување во поголемите книжарници, за да се создаваат проблеми и за да се трошат парите на даночните обврзници околу ангажирањето на полицијата.

Навестувањето на поранешниот премиер доаѓа во пресрет на веќе закажаното потпишување примероци од неговата книга и средба со купувачите и читателите, предвидено за в среда, во најголемата книжарница во Велика Британија и во светот, „Вотерстоунс“, на лондонскиот плоштад „Пикадили“. Околу овој настан се најавуваат големи мерки на безбедност откако антиблеровски настроените асоцијации кои се противат само на војната во Ирак, како и некои левичарски и муслимански организации и активисти, уште пред појавувањето на мемоарите, се закануваа со протести доколку Блер се појави на промоцијата. Медиумите најавуваат дека на контрапротести би можело да излезат некои десничарски групи, главно, настроени против странските имигранти и доселеници, па постои опасност дека тие би можело да се судрат со своите неистомисленици.

Блер објаснува дека не е потребно сето тоа, а особено дека тоа најмалку и' е потребно на книгата, но тој инсистира дека никој нема да го попречи да продолжи со предвидените настани врзани околу промоцијата на неговите мемоари.

Изјавата на поранешниот премиер доаѓа по саботните протести во Даблин кога помала група насилнички демонстранти, кои себе се нарекуваат „антивоени активисти“, носејќи ирски и палестински знамиња, фрлаа јајца и чевли по конвојот од возила во кои беше Блер. Инцидентот се случи во близината на даблинската книжарница каде што го очекуваа неколку стотици луѓе кои чекаа во ред да ја купат книгата и да добијат потпис од него, но беа доволно далеку за да може кого било да погодат или да повредат. Во изјавите за лондонските медиуми луѓето објаснија дека тие се многу повеќе од оние што протестираа и изразуваа несогласување со демонстрациите, без разлика кој како мисли за воената интервенција во Ирак. Во Ирска, како и во Северна Ирска, мнозинството од луѓето ја ценат големата улога што ја одигра Блер во покренувањето на мировниот процес и во обезбедувањето на согласност за постигнување на спогодбата од Стормонт, од пред повеќе од 12 години.

Неколку лондонски весници повеќе денови даваа извадоци од мемоарите, кои како и политиката на Блер ја поделија домашната јавност. Најголемо внимание се покажува за неговите видувања околу односите што тој ги имаше со Гордон Браун, потоа смртта на принцезата Дијана, мирот во Северна Ирска, како и војните во Ирак и во Авганистан. Претставник на книжарницата „Вотерстоунс“ изјави дека книгата се продава со „досега незабележана брзина“ кога станува збор за политички мемоари, дека го надминала дневниот рекорд што го имала досега автобиографијата на Дејвид Бекам и дека во книжарниците имало редови како во времето на појавувањето на романите на Ден Браун или на Џ. К. Роулинг, авторката на „Хари Потер“. Се тврди дека само првиот ден се продадени неколку стотици илјади примероци. Книгата е веќе меѓу првите десет најпродавани во САД и во Канада.

Неговите политички противници осудуваат одделни делови од мемоарите, најмногу забележувајќи му за „острината“ спрема поранешниот министер за финансии и потоа негов наследник Браун, кого Блер го означи како „брилијантен министер“, но „тежок човек“ за соработка, особено кога ќе се разбесни. Блер уште го обвини Браун дека има одговорност за поразот на последните парламентарни избори, затоа што го напуштил курсот на новите лабуристи со кои беа освоени три избори едноподруго. Лојалниот на Браун, поранешен министер Ед Болс, еден од претендентите за нов лидер, меѓутоа, остро го критикуваше Блер за своите ставови спрема поранешниот премиер, уште обвинувајќи го дека дава неточни податоци кога станува збор за тоа кој се залагал за независноста што и' е дадена на Банк оф Енгланд да ја определува основата каматна стапка. Со корекција се огласи и генерал Мајк Џексон, кој вели дека „не се сеќава“ оти добил од Блер наредба да ги пушти Русите да го заземат приштинскиот аеродром, пред силите на НАТО да влезат во Косово, инсистирајќи дека тој (генералот), сега во пензија, спречил, како што вели, трета светска војна. Во книгата Блер вели дека идејата за независноста на банката е негова, како и дека му се јавил на Џексон да не ја испочитува американската наредба на генерал Весли Кларк.

Користејќи ја промоцијата на книгата, Тони Блер откри дека се' уште е заинтересиран за домашната, британска политика. За Ај-Ти-Ви рече дека е „многу тешко“ да се врати целосно назад во домашната политика, како поранешен премиер, но дека би прифатил некаква должност, објаснувајќи дека ја сака својата земја и сака да ја гледа како и' оди добро.


#
Статијата е прочитана 623 пати.

Испрати коментар

Од: XXL
Датум: 07.09.2010 13:08:12
Ovoj "gentlemen" podobro da se fati za motika odkolku da pisuva ponataka memoari...zosto kako Karla moze i na Haski sud da zavrsi...kako OBVINET...

Најди! во Утрински
Свет
Бог не е машко, Ета бара мир, камшици во Иран
Каде оди Белгија?
Во вселената експресно се старее
Уапсени анархисти во Минск
Ахмадинеџад